Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ДЗС: Два нови пилота за гаснење пожари на отворено, со што сега има вкупно пет со дозвола за „ер трактор“

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На предлог на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, два нови пилота успешно ја завршија преобуката во Шпанија за дејство со противпожарните авиони „ер трактор“ на ДЗС, со што стекнаа сертификат за оспособеност за летање во сите услови за гаснење пожари на отворено.

Со ова, како што информираат од ДЗС, по синоќешното враќање на пилотите од Шпанија, ДЗС ќе ја пречека претстојната летна сезона на пожари на отворено со вкупно пет пилоти, кои имаат светски признати дозволи да летаат со противпожарни авиони какви што поседува ДЗС, „ер трактор амфибија“ (што може да полнат вода и од езера).

Од ДЗС исто така посочуваат дека благовремено биле исполнети сите неопходни услови уште двата вработени пилота во ДЗС, инаку со богата летачка работна биографија, пензионираниот полковник Роберт Малезански и Горан Блажески, на почетокот на март да бидат испратени на тринеделна преобука во европскиот референтен тренинг-центар за воздухопловна противпожарна борба „Титан“ во Шпанија (АТА Titan Aerial firefightning, Spain).