Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

ДЗР:Програмите за ран скрининг на рак се неефикасни, 80 отсто од пациентките доцнат со лекувањето

Над 80 проценти од жените во Македонија доцна дознаваат дека имаат рак…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 80 проценти од жените во Македонија доцна дознаваат дека имаат рак на дојка или на грло на матката. Дури 8 од 10 пациентки со канцер почнуваат со лекување предоцна – ова го открива Државниот завод за ревизија. Податоците на ревизорите се загрижувачки – со мамографија, рак на дојка се открива од 0,8 до 5,4 проценти кај жените.За рак на грло на матката пак ПАП тестот покажува канцер кај 15 проценти од пациентите. Овие бројки се далеку под европските стандарди велат ревизорите.

„Во однос на навременоста и квалитетот на дијагностиката, не се утврдени временски рокови од реализирање на скрининг до издавање на резултатите, ниту протоколи за известување на жените. Кај мамографскиот скрининг резултатите во просек се издаваат по околу 25 дена, а кај значителен број жени и по повеќе од 60 дена, додека кај скринингот за рак на грло на матка, дел од примероците за ПАП тестови се анализираат со значително доцнење“, се дел од заклучоците на ДЗР.

Пациентите се жалат дека во Македонија нема скрининг програма и повикаа на поголема ажурност од здравтвените власти и да се следат европските стандарди.

„За да имаме скрининг програма во државата треба да бидат вклучени сите чинители на здравствениот систем, вклучително од матичните доктори, Мој термин, па да стигнеме до специјалистите кои треба да го прават скринингот“– вели Ана Марјановиќ, пациентка.

Лекарите пак предупредуваат дека со ваков слаб опфат на скрининг, не може да се очекува намалување на смртноста.Според д-р Горан Димитров раната дијагноза е клучна – затоа што тогаш ракот може успешно да се лекува.

Реклама

Здравствените власти признаваат дека бројките се загрижувачки.Министерот најави подобра организација, повеќе повици до пациентките и засилена кампања за подигање на свеста.

Во период од три години направени се нешто повеќе од 20 илјади мамографии кај жени од 40 до 69 години.За рак на грло на матка, пак, земени се над 130 илјади ПАП тестови кај жени од 21 до 59 години.