Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

ДЗР со неповолно мислење за финансиските извештаи на Албанскиот театар за 2024 година

Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, а за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики дадено е мислење со резерва. Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија изразил неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година, а за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики дадено е мислење со резерва.

Ревизијата на сметката на основниот буџет (603) утврдила повеќе слабости во финансиското работење и управувањето со средствата на установата. Меѓу констатираните состојби се слабости во процесот на попис на средствата и изворите на средства, невоспоставена материјална евиденција за материјалните средства, како и евидентирање градежни објекти, без обезбеден акт за сопственост.

Ревизорите утврдиле и дека некои од материјалните средства и понатаму се водат како средства во подготовка и покрај тоа што за нив е обезбедено одобрение за употреба. Дополнително, констатирани се недостатоци во постапките за набавка, прием и задолжување со материјали и ситен инвентар, како и слабости во евидентирањето на полното работно време.

Реклама

Во извештајот е наведено и дека се намирувале обврски по проекти од претходни години, без за нив да бидат предвидени средства во тековниот годишен план за работа.

Во делот „Нагласување прашања“ ревизијата укажува на нерегулиран начин на користење недвижни и движни ствари, функционирање на Управниот одбор без законски утврдениот број членови, прашања поврзани со систематизацијата на работните места, користењето на паркинг-просторот наменет за публиката и тековни судски постапки.

Ревизорите посочуваат и на слабости во системот на внатрешни контроли, односно недонесени интерни процедури за значајни процеси, несистематизирано работно место за раководител на единицата за финансиски прашања и неназначени лица за вршење ex-ante и ex-post финансиска контрола.

Државниот завод за ревизија дал препораки за надминување на утврдените состојби и подобрување на работењето на установата.

Од НУ Албански театар, како што велат од ДЗР, доставен е допис со кој се информира дека одговорнoто лице нема забелешки во однос на нацрт-извештајот на овластениот државен ревизор.