Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Економија

ДЗР објави извештај за од ревизија на финансиски извештаи и ревизија на усогласеност на Агенцијата за катастар на недвижности за 2024 година

Државниот завод за ревизија денеска објави конечен ревизорски извештај за извршена ревизија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот завод за ревизија денеска објави конечен ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста на Агенцијата за катастар на недвижностите за 2024 година за сметка на основен буџет 637 и сметка на буџет од самофинасирачки активности 787.

Како системска слабост, која е утврдена, Државниот завод за ревизија наведува дека не се доделени идентификациски броеви на државните органи и правните лица основани од државата поради неможност надлежното министерство да ги вклучи во својата евиденција. 

Во клучните утврдени состојби е посочено дека расходите за реставрирање градежен објект не се искажани како инвестиции во тек, како и дека нецелосно е извршен попис на средствата и нивните извори. Исто така и дека обврските спрема добавувачите се прикажани во помал износ, а  дека за приходите од платени надоместоци преку ПОС терминали кои деловна банка ги уплатува на сметка на Агенцијата не постои поврзаност по одделни архивски броеви според видот на извршената катастарска услуга. 

Реклама

– Постојат недоследности во ангажирањето на лица со договор на дело, дел од предметите за извршени услуги за издавање на податоци и вршење промени во Геодетско-катастарски информационен систем не се целосно комплетирани а дел од документацијата не е потврдена со потпис/е-потпис,  а има и слабости при спроведување на јавните набавки, се вели во ревизорските наоди.