Реклама

Настап на Венко Филипче во Собранието: Премиерот го нарече идиот, критичарите ќе ги газел како шлепер

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

ДЗР: „Мој термин“ 738 дена без договор за одржување, Клековски најави план за надминување на проблемите

Привремено „смирување“ на депонијата Буково со земја и механизација, сè до изградбата на регионалната „Новаци“

Мицкоски до студентите на УГД: Каде и да одите, вратете се дома со знаење, со искуство, со идеи, за заедно да ја градиме Македонија

Кос: ЕУ во вторник ќе ги соопшти новите модели за интеграција, членството во ЕУ носи раст на БДП и до 50%

АНБ разоткри мрежа од псевдо-портали коишто ширеле руска пропаганда

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Македонија

Двојни аршини на Судот и Обвинителството за укинување на мерките на претпазливост во Рекет!?

Зошто Зоран Милески Кичеец е попривелигиран да го користи поповолното од судот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зошто Зоран Милески Кичеец е попривелигиран да го користи поповолното од судот и обвинителството? Дали за одлуката, да му се укине мерката куќен притвор пресудни биле моќта на парите  или  моќта на политиката? На јавноста и е оставено да претпоставува, бидејќи ниту судот ниту обвинителството ќе објаснат зошто донеле таква одлука, односно на Кичеец му прифатија гаранција во имот од 200 000 евра, и тој одлуката на Апелација за намалување на затворската казна од 3 години, поради вмешаност во случајот Рекет,  ја чека без мерки на претпазливост

Во секој случај правната фела во ваквата одлука каде за некои обвинети важи, а за некои не важи гаранција, препознава двоен аршин на судот и обвинителството, вели адвокатот на Боки 13 кој е  првообвинет во Рекет.

-Тука имате и позитивно мислење барањето за укинување на мерката притвор, а на нашите барања дали тоа биле поднесувани на главна расправа или преку поднесок јавниот обвинител секогаш жустро, многу категорично  реагираше. Притоа се работи за исти дејствија, се работи за сообвинети, се работи за исто кривично дело тоа е неразбирливо за човек кој што не е правник, а не за човек кој што е правник. Што се сака со тоа да се постигне веројатно Обвинителството и Судот најдобро знаат, но не смее да има дискриминација во ниту еден дел на постапката – вели Сашо Дуковски адвокат на Боки 13

Реклама

Обвинителството не утврди потекло на имот на Милески Кичеец, што за екпертите од областа на криминалистиката само по себе е спорно. Доколку тоа се утврдело, можеби обвинителството воопшто немало да прифати спогодување со Милевски и тој по секоја цена ќе останел второобвинет во случајот Рекет. Дополнително иако случајот е на крај од доказна постапка, обвинителството уште не утврдило каде е торбата со пари која од домот на Камчев ја изнесе токму Кичеец. На кого ја предал, и кој со колку пари се офадил од спакуваните 1,5 милион евра, нема одговор.

Катерина Гетева