Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Двесте и десет „чинии љубов“ подготвени за кучињата во и околу прифатилиштето на ЈП „Лајка“

Под мотото „Збор на денот: заедница“ вчера во дворот на ЈП „Лајка“…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под мотото „Збор на денот: заедница“ вчера во дворот на ЈП „Лајка“ се одржа првиот настан „Чинија љубов“, кој обедини граѓани околу една заедничка цел – подготовка на готвени оброци за бездомните кучиња.

Како што се наведува во соопштението на „Лајка“ благодарение на заедничкиот труд, беа подготвени и поделени вкупно 210 оброци. Со полна чинија беше нахрането секое куче во прифатилиштето, како и кучињата кои се наоѓаат во неговата околина.

Ваквите настани се важни, додаваат оттаму, не само поради непосредната помош што ја обезбедуваат, туку и поради нивната улога во подигнувањето на јавната свест за благосостојбата на бездомните животни. Тие им овозможуваат на граѓаните непосредно да се запознаат со работата на прифатилиштето, со секојдневните потреби на кучињата и со начините на кои можат да помогнат.

Реклама

-Преку дружење, волонтирање и заедничко учество се развиваат емпатијата и чувството на лична одговорност, но се испраќаат и важни пораки за одговорното сопствеништво, стерилизацијата, вдомувањето и ненапуштањето на домашните миленици. Токму преку вакви средби се надминуваат предрасудите кон бездомните кучиња и се создава заедница која не го набљудува проблемот од страна, туку активно учествува во неговото решавање – нагласуваат од „Лајка“.

Специјална гостинка на настанот била проф. д-р Наташа Ѓорговска, научен советник при Институтот за сточарство на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и авторка на книга посветена на деликатеси и готвени јадења за кучиња и мачки. Таа за настанот подготви посебни деликатеси, додека „Луна Пет Шоп“ ја поддржа иницијативата со донација на суплементи.

-„Чинија љубов“ покажа дека кога луѓето ќе се обединат околу иста хумана цел, и малите индивидуални придонеси можат да создадат голема промена. Настанот не беше само ден во кој беа наполнети 210 чинии, туку и ден во кој се создаваше поголема и посвесна заедница околу бездомните животни – се додава во соопшението.

ЈП „Лајка“ изразува благодарност до сите граѓани, поддржувачи и донатори кои беа дел од настанот и придонесоа ниту едно куче да не остане без полна чинија.