Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Две старици од Скопје измамени за 1 милион денари: Лажни сообраќајки повторно на сцена

Две скопјанки измамени за вкупно 1 милион денари: Лажни полицајци и амбасадори…

Сподели:

Две скопјанки измамени за вкупно 1 милион денари: Лажни полицајци и амбасадори повторно во акција

Две скопјанки, на возраст од 81 и 82 години, биле измамени вчера во вечерните часови во два одделни случаи, со вкупен износ од 1 милион денари.

Според пријавата на 81-годишната жена, поднесена во 20:25 часот, таа била измамена од лице кое се претставило како полициски службеник. Тој ѝ соопштил дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа во која прегазила дете мигрант, и ако не плати на семејството на детето, ќерката ќе заврши во затвор. Жената подигнала 300.000 денари од банка и ги оставила на договореното место. По консултацијата со ќерка ѝ, открила дека станала жртва на измама, информира МВР.

Реклама

Околу 23:00 часот, полицијата примила уште една пријава, овој пат од 82-годишна жена, која била измамена за 700.000 денари. Лицето што ја контактирало се претставило како службеник од странска амбасада и ѝ рекло дека нејзината ќерка во САД прегазила дете мигрант.

МВР презема мерки за расчистување на случаите и апелира за внимателност при вакви измами.