Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Две критични точки кај пожарот на Серта од штипска страна

Не стивнува огнената стихија над штипските села Селце, Пухче и Драгоево. И…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Не стивнува огнената стихија над штипските села Селце, Пухче и Драгоево. И ова утро со механизација се прават обрачи околу селата  за огнот да не ги зафати куќите  и имотите на местното население. Освен од земја, огнот се гаси и од воздух .

Војници, пожарникари, припадници на Македонски шуми сите се вклучени во борбата со огнената стихија. Ги завршуваат остатоците, бидејќи високите температури може повторно да го покрене пожарот.  

   „Имаме четири противпожарни возила, 8 машини со коишто ќе се трасира земјени патишта и ќе се прави коридор, два хеликоптери делуваат од воздух. Дополнително има четири цистерни коишто на одредени точки ќе служат за дотур на вода“ изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.  

Реклама

„Будно ќе ја следиме состојбата. Нашите луѓе и покрај тоа што немат здравствено осигуруваање, се трудим да го надминиме тој проблем. Се соочуваме со невидена дупка , буквално луѓето ни беа оставени на влечки да гасат„ изјави Кире Михаилов, заменик дгенерален иректор на Македонски шуми.

Штипските пожарникари добија засилување од своите колеги од Пробиштип и Кочани, а местното население со трактори и теренски возила им носи вода. Минатата ноќ беше критична.  Огнот без сон ги остави жителите на Селце кои стравуваа за своите имоти.

  „Многу страшно, цела ноќ со бабата си ја преседовме надвор. Се плашевме огнот да не го проголта тоа што сме го печалеле со години„ велат жители на село Селце.

Веќе осми ден гори на планината Серта, а огнената стихија остава пустош позади себе.

Засега е неизвестно колку хектари шума изгореа во пожарите, но според првичните проценки на Македонски шуми станува збор за штети кои се епохални за планината Серта  и ќе бидат потребни речиси еден век за да се поврати она што е изгорено.