Локални проблеми и проекти, но и национални прашања и криминални афери…. Во кампањата очекувано кандидатите за градоначалници и советници зборуваат за она што им треба на граѓаните во нивната општина, а партиските лидери се фокусираат на повисока политика.. Според познавачите во текот на оваа слушнеме и реторика која што се занимава со таканаречената тешка политика, односно националните и интегративни прашања, кои треба да да бидат тема пред парламентарни избори.
-Ние во моментот има две кампањи, една која ја водат кандидатите за градоначалници и носители на листи, која се занимава со локални проблеми, проблеми кои се идентификувани од граѓаните, понуда на локални прашања и локални решенија. Над тоа имаме уште една кампања која ја водат лидерите на партиите и самите центари за комуникации на партиите, која во основа е пинг понг комуникација меѓу самите партии. Во македонскиот блок тоа е делумно истакнато, но кај албанскиот блок доживува своевидна експлозија, изјави политичкиот аналитичар Петар Арсовски.
Универзитетскиот професор Владимир Боживовски исто така е на ставот дека кампањата која се тера во ова предизборие повеќе наликува на атмосфера пред парламентарни избори, но дека на тоа веќе сме биле навикнати и во минатото.

-Впечатокот на граѓаните е дека ние имаме парламентарни, а не локални избори. Наместо да говорат за зеленило, за урбано живеење, дивоградби, еве проблеми со паркинзи, ние имаме прашања кои што се однесуваат на централната власт, кои што треба да се говорат во кампањата на парламентраните избори, а не на локални избори, но не е ова прв пат, изјави Божиновски.
Покрај високата политика сепак се нудат и потенцирајлни решенија за локалните проблеми. Според Божиновски во сегмент можат да добијат пред се независните кандидати и листи, кои во текот на целата кампања се занимаваат со таканаречените маалски прашања. Според Арсовски националните прашања влијаат кај партиските определаните Кампањата пред првиот круг за локалните избори трае до 17-ти октомври, на 18-ти на полноќ настапува политичкиот молк, а изборите се на 19-ти октомври.
Матеја Петровски
