Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Македонија

Две четиричасовни блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грчките земјоделци го затворија граничниот премин Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција за сообраќај на сите возила до 16 часот по грчко, односно 15 часот по македонско време, а за попладне планирана е втора четиричасовна блокада од 18 часот по локално време.

По пауза од четири дена и отворени автопатишта и гранични премини за време на Божиќ, земјоделците од денеска одново ги вратија блокадите на низа локации во цела Грција.

На Евзони, кусо пред 12.30 часот по локално време, паркираните трактори на грчката страна го затворија граничниот премин за сите возила, а според информациите на МИА, сообраќајот ќе биде во прекин до 16 по грчко (15 по македонско време), по што границата ќе се отвори на два часа, а земјоделците одново ќе постават блокада од 18 до 22 часот (17 до 21 часот по македонско време).

Реклама

За оние кои патуваат во Грција, граничните премини Ники (Меџитлија) и Дојран, засега се отворени за сообраќај.

На Ники не е исклучена можноста да има нови блокади, со оглед на тоа што и таму се паркирани трактори, додека пак на Дојран грчките земјоделци немаат поставено блокада и сообраќајот се одвива непречено. 

Не е исклучена можноста и во текот на утрешниот ден повторно да има две четиричасовни блокади на Евозони во истиот период како и денеска, односно сообраќајот да биде во прекин во периодот меѓу 12 и 16 часот и од 18 до 22 часот по грчко време. 

На Евзони, блокадите започнаа на 1 декември кога земјоделците од регионот на Пеонија и од градот Јаница пристигнаа со нивните трактори, кои остануваат паркирани на грчката страна на границата и во изминатиот период го блокираа граничниот премин со исклучок на периодот за Божиќ.

Во текот на денешниот ден одново се активираат и низа блокади на автопатиштата низ цела Грција, што ќе траат до вторник.

На автопатот Солун – Атина кај патарините Малгара на излез од Солун затворен е сообраќајот кон грчката метропола, а во двата правци ќе се затвори во понеделник на два дена.

Според најавите, од вторник до петок, поради Нова година, се очекува одново да бидат отворени сите автопатишта и гранични премини, како што беше случај за Божиќ, за да се олесни патувањето на граѓаните.

Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.