Реклама

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Македонија

ДУИ удри на национализам: Секоја критика за нив ја прогласија за анти-албанска политика опасна за стабилноста

Нов ден нови закани по стабилноста и меѓуетничките односи од Али Ахмети.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нов ден нови закани по стабилноста и меѓуетничките односи од Али Ахмети. Како расте притисокот ДУИ да замине во опозиција, така реториката на Интегративците се заострува и ја вадат последната карта која им остана.

Обвинуваат за национализам а всушност тие го поттикнуваат.

Скандирањето „УЧК, УЧК“ и веењето албански знамиња пред споменикот на Александар Македонски беа само почеток – сега се закануваат дека не може и не смее да има Влада без нив и се поистветуваат со сите Албанци кои живеат во Македонија.

Реклама

Интегративците не сакаат да слушат дека биле вмешани во криминал и корупција па секое обвинување кон нив го бележат како антиалбанска политика.

  • „Кога еден народ во функција на сопствено владеење храниш 30-тина години со национал-романтизам, единственото оружје, единствената вибрација која што пристига до гласачкото тело е токму тој национал-романтизам. Е сега тој во Пи-Ар-от иам милион и една верзија, малку потврда, малку помека, но во секој случај тоа за политичарите, затоа што тоа е модел на политичарите,  тоа кажува за народот. Колку се уште народот голта национализам и се пали на него“ вели Агим Јонуз-политички аналитичар.

Враќањето во 2001-та е само потхранување на национализмот кај гласачкото тело.

  • „Кој ќе ти дозволи повторување на 2001 година денес – никој. Ниту на народот му се тепа и коле, ниту пак ситуацијата на терен дозволува една таква работа. Тоа е прво, а имаме и второ. Имаме една работа што 2001-ва година стана една платформа на која многу, многу политички тези се поставија се поставија како политички профит. Токму разделувајќи ги луѓето, токму внесувајќи кај нив национал-романтистички пароли, во кои, јас не можам да поверувам дека народот мисли дека бафтањето со бајракот ќе го нахрани…“ вели Јонуз.  

И не е само Ахмети. И Бујар Османи обвини дека слоганот на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ бил шофинистички, но во настапите на неговиот шеф не гледа ништо спорно.

Кандидатот за претседател кој испадна од трката го обвини Христијан Мицкоски за шовинизам и национализам, иако опозицискиот лидер испраќа повици за обеденување на Македонците, Албанците, Ромите, Бошњаците и сите народи кои живеат во Македонија.