ДУИ е во паника. Соочени со неповолните анкети за претстојните локални избори, интегративците готват ново црно сценарио за да го преживеат поразот. Неофицијално подготвуваат терен да не ги признаат изборните резултати и да се обидат да ги извадат Албанците на масовни протести. Аргументот би им бил дека поради наместените избори, Албанците не се вистински преставени во владата, па преку притисок од улица да го најдат својот пат насила да станат дел од власта.
Според нашите неофицијлани информации, интегративците размислуваат за план Б откако бројките од анкетите им покажале дека не им успеваат обдите со националистичка реторика да ги освојат, за нив клучните места – Гостивар и Чаир.
Новинарот Героски коментирајќи ги овие неофцијални инфомации, кои се повеќе кружат низ политичките кругови, вели дека крајна цел на ДУИ е да издејствуваат влез во влада, кој нема да им успее како и сите досегашни.

Низ непријателство со ВМРО ДПМНЕ, низ најави на протести, низ уцени практично, низ закани по меѓуетничкиот мир, да се направи притисок да дојде до рекомпозирање на извршната власт и да влезе на ДУИ во владата. Тоа, за среќа нема така да може да се случи, и веќе сме далеку од потребата, од причините, од мотивите за предизвикување на етнички немири во Македонија, вели Героски за Алфа.
Според Героски, нелогично е што ДУИ ја оспорува владата на ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ, оти толку тие го прекшија правилото и сега џабе негодуваат. Новинарот вели, во 2017 година ДУИ си го одбрале партнерот, па сега кога СДСМ губи, партијата од Мала Речица треба прво да се фокусира на консолидација и внатрешно да се реформира, па дури потоа да мисли како да дојде на власт.
Неможејки, неспремна на тој начин да се постави партијата на Али Ахмети , таа се постави од позиција на сила, од позиција на моќ. Па велат, ако ние победиме на локалните избори, што е крајно дискутабилно, бројките кажуваат и едно, ама и друго, покажуваат некои бројки предност на ВРЕДИ, но, дури, хипотетички да се случи такво нешто, тоа не е основа и не може да биде причина, ни формална, а ни суштинска, да Мала Речница рече сега, е, бидејќи, ние сме подобри на локалните избори, сега од утре преговараме за Централната власт. Не, вели Героски за Алфа.
Според дел од познавачите, обидите на ДУИ ќе бидат неуспешни, оти додека не се реформираат тие се почитана книга за албанското гласачко тело. И премиерот Мицкоски неколку пати кажа дека ДУИ во владата нема да влезе, им порача да престанат со манипулации и лаги, оти владата на ВМРО-ДПМНЕ не преговара со парија која две децении не направила ништо за државата и се богатела на грбот на народот.
