Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Економија

Државните електрани со 5 милиони евра грант од ЕБОР ќе градат соларни електрани

Македонија чекори кон зелена транзиција. Државните електрани потпишаа договор за грант со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија чекори кон зелена транзиција. Државните електрани потпишаа договор за грант со ЕБОР во висина од 5 милиони евра за изградба на две нови фотонапонски електрани – „Битола 1“ со инсталирана моќност од 20 мегавати и „Осломеј 2“ со моќност од 10 мегавати. Со овие два проекти ќе се произведуваат  46 гигават-часови електрична енергија годишно, што ќе ги задоволи потребите на над 7.000 домаќинства. Емисиите на јаглерод диоксид ќе с енамалат за 40.000 тони годишно.

Следниот период ќе биде предизвикувачки за АД ЕСМ бидејќи компанијата треба финансиски да се консолидира, откако беше оставена од претходната власт во лоша состојба. Државните електрани се задолжија кај домашните банки за 80 милиони евра, а новиот директор вели дека засега не се планирани нови задолжувања. Сепак намалувањето на трошоците и зголемувањето на производството остануваат приоритет. Компанијата распиша и нов јавен повик за ископ на јаглен, откако еднострано беше раскинат договорот со контроверзната Марковски Компани.

Инаку изборот на изведувач на гасниот интерконектор кон Грција е во завршна фаза. На ред е изборот на соодветна компанија. Министерката за енергетика е задоволна што по претходниот неуспешен тендер, сега се пријавиле 5 компании од Македонија и други држави и сите дале пониски понуди и до 11 милиони евра споредено со првичниот обид да се најде изведувач. Очекувањата се дека договорот ќе биде потпишан на крајот на јануари по што конечно ќе почне изградбата.