Реклама
Македонија

Државниот врв задоволен од средбите во Берлин – ветер во грб за македонските евроинтеграции

Оптимизмот на македонската влада за откочување на евроинтеграциите расте. Разговорите во германската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Оптимизмот на македонската влада за откочување на евроинтеграциите расте. Разговорите во германската престолнина, средбите со канцеларот Шолц и големата поддршка од европратениците од сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ ЦДУ ветар во грб. Премиерот Христијан Мицкоски задоволен од реториката на Берлин до толку повеќе што размислува дали воопшто да го прати писмото до ЕУ кое претходно го најави. Вели дека голем дел од работите кои ќе беа дел од тоа писмо, ги кажал на средбите таму.

„Ме направи поголем оптимиста отколку што бев пред посетата во Берлин. Таму за време на состаноците, гледам дека има иницијативи кои ги спомена и самата министерка Бербок после средбата со Муцунски и мислам дека сето она кое го водив како разговор и што го водев како порака, има додадена вредност пред мојата посета. Во интерес на разговорите и на очеквуањата во иднина како ќе се развиваат не би сакал јавно да споделувам детали“, изјави Мицкоски.

Понатамошните решенија никако не смеат да задираат во идентитетот, и затоа целта на владата како што вели Мицкоски е макесимално да се заштити националниот идентитет. Тој порача дека неговиот став можеби ќе разочара една група на луѓе, алудирајќи на опозицијата, но дециден е дека никогаш нема да ги напушти интересите на граѓаните.

Реклама

Пораките од Самитот на Берлинскиот процес на кој лидерите од Западeн Балкан се согласија на неколку договори кои треба да ја подобрат соработката но и од средбите на маргините, дефинитивно се позитивни за владата. Тоа што министерката за надворешни работи на Германија, Бербок рече дека вметнувањето на Бугарите во Уставот е последниот чекор за отворање на првиот преговарачки кластер со ЕУ, за вицепремиерот Александар Николоски не е ништо ново – а оваа обврска се должи на тоа што претходната влада без консезус го прифати францускиот предлог.

„Нашата позиција е многу јасна, директна, отворена, а тоа е дека уставни измени под бугарски диктат нема да има и дека единствен начин ова да се реши е да добиеме гаранција дека ова нема да ни се повторува на секои шест месеци, Македонија со шок да се соочува и да имаме нови и нови вета. Еден од начините ние го предложивме – тоа е одложено важење на уставните измени, коишто би влегле во сила со денот на ратификација на протоколот за членство на Македонија во ЕУ од страна на бугарскиот Парламент. Доколку навистина Бугарија сака Македонија да влезе во ЕУ не гледам што им прават разлика три години затоа што, нели, сите велат дека сме подготвени и дека за три години ќе ги завршиме преговорите“, рече Николоски.

Со самото доаѓање на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јасно е дека ќе се бара друго решение, Македонија да биде заштитена од уцените и диктатите на соседна Бугарија. Во тек се разговори внатре во владината коалиција, на кој начин може да се излобира во европските институции, и дали е изводливо предлог решението за уставни измени со одложено дејство, со цел да се избегнат дополнителни барања од Софија.