Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Државниот архив одбележува 75 години од основањето

Државниот архив на Македонија денеска одбележува 75 години од основањето. На свеченоста што…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државниот архив на Македонија денеска одбележува 75 години од основањето. На свеченоста што ќе се одржи во Порта Македонија, како што информираат од Државниот архив, ќе има обраќања и доделување благодарници на неговите верни поддржувачи и пријатели.

-Овој јубилеј е момент да се потсетиме на значењето на Архивот како чувар на културната меморија и историското наследство, но и како институција што гради мостови кон иднината, се наведува во соопштението.

Директорот на институцијата, Димитар Богески неодамна истакна дека Државниот архив е столб на македонското битие, дека голем предизвик е да се зачуваме и заштитиме целото архивско наследство, а најстариот документ којшто го поседува Архивот е Евангелието на Лука кое потекнува од 12-от век и е најден е во фондот на охридското семејство Робеви. 

Реклама

Богески информира дека по повод јубилејот ќе организираат изложби, промоции на книги, промоции на документи, со цел да се афирмираат документите што ги чува Архивот, односно, како што нагласи, да се афирмира целата општествена, историска и културна дејност во Македонија.

— Државниот архив на Македонија прославува 75 години од неговото основање во далечната 1951 година со указ на тогашната Влада. Тоа претставува значаен момент за институцијата и за државата, можност да се потсетиме за патот на неговиот развој и за генерации луѓе кои придонеле за развој на архивската дејност, на архивската документација и генерации кои ја издигнале оваа институција, изјави Богески.

Директорот на Архивот истакна и и дека оваа институција се соочува со предизвици, како што се просторните услови, дигитализацијата…

– Како еден од предизвиците првенствено ни се просторните услови, односно создавање услови за нови депоа. Предизвик ни се и современите методи на конзервација и реставрација, односно конзервирање на архивскиот материјал, неговите оштетувања, поправање и реставрирање – враќање на тие документи во првобитна положба. И како последна фаза од овие предизвици е дигитализацијата, што претставува можеби и еден од најбитните елементи во овие предизвици, бидејќи на тој начин преку дигитализација на документите односно на архивското наследство или граѓа која што претставува културно наследство од прва категорија, ние всушност правиме и заштитување на архивскиот материјал, но правиме да биде подостапен за научно-истражувачките цели, посочи тој.