Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Државниот јавен обвинител Ненад Савески се сретна со шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал

На првата официјална средба по неговото именување, јавниот обвинител Ненад Савески и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На првата официјална средба по неговото именување, јавниот обвинител Ненад Савески и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал, разговараа за континуираната поддршка на ОБСЕ за Јавното обвинителство како и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата, соопштуваат од Јавното Обвинителство на Македонија. 

– Притоа, двајцата разговараа и за сите можности и насоки во кои таа поддршка треба да продолжи во следниот период, пред се имајќи ги предвид и предизвиците со кои се соочува обвинителството во однос на ресурсите и правната рамка. Савески и Вал разговараа и за финансирањето и потребата од соодветен буџет за ефикасна борба против корупцијата, стои во соопштението од ЈОРСМ.

Како што дополнуваат, на средбата било договорено наскоро да биде назначен јавен обвинител задолжен да го следи постапувањето по предметите за кривични дела сторени од омраза на територијата на целата држава, по примерот на контакт-точката која веќе функционира во Основното јавно обвинителство Скопје.