Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Државен натпревар по прва помош во Скопје со учество на 10 најдобри младински екипи

Повеќе од 200 учесници и гости, меѓу кои и 10-те најдобри младински…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе од 200 учесници и гости, меѓу кои и 10-те најдобри младински екипи по прва помош од државата, денеска во центарот на Скопје ќе бидат дел од Државниот натпревар по прва помош, највисокото натпреварувачко ниво во оваа област во организација на Црвениот крст на Македонија. Преку реалистично симулирани повреди и итни состојби, младите ќе ги демонстрираат своите знаења и вештини за навремено и правилно реагирање, испраќајќи порака за важноста на првата помош како животоспасувачка вештина.

Како што информираат организаторите, натпреварот претставува највисоко натпреварувачко ниво во областа на првата помош, а учесниците претходно обезбедиле пласман преку општинските и регионалните натпревари.

Свеченото отворање е закажано за 10:30 часот, а натпреварувачкиот дел ќе трае до 14:30 часот. Активностите ќе се реализираат на Плоштад Македонија и на повеќе локации во неговата околина, меѓу кои кај Македонскиот народен театар, Музејот на холокаустот, плоштадот Филип Втори, кејот на реката Вардар, Жена парк и Порта Македонија.

Реклама

Во рамки на настанот се очекува присуство на повеќе од 200 учесници и гости. Најавено е и обраќање на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој е покровител на натпреварот.

Од Црвениот крст посочуваат дека настанот има за цел да ја афирмира првата помош како животоспасувачка вештина и да ја поттикне подготвеноста на младите за навремено и правилно реагирање во итни ситуации.