Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Државата со помош за погодените од трагедијата: 150 илјади денари за семејствата на оние кои се лекуваат во странство

150 илјади денари помош за семејствата на сите кои што се лекуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

150 илјади денари помош за семејствата на сите кои што се лекуваат во странство. Ова е само дел од она што погодените семјства од големата трагедија во Кочани ќе добијат од државата. Од Владата порачуваат дека оваа помош е само за почеток, за покривање на тековни, дневни и најитни трошоци. Целосното лекување на сите повредени ќе биде покриено од буџетот, а за семејствата на оние кои се лекуваат во странство со државни пари ќе се плати и патот и сместувањето.

-Ова не е само еднократна помош. Екипите на Црвениот крст, Службата за општи и заеднички работи, но и Владата контактираат со семејствата на секои три часа, со цел да се осигураме дека нема нови несакани состојби и се разбира и во идни фази континуирано, во зависност од сите поединечни потреби сите средства ќе бидат насочени кон нив. Правиме се што можеме за да олесниме и помогнеме во овие тешки времиња. Уште еднаш апелирам и замолувам да бидеме солидарни без шпекулации кои што ќе им наштетат на семејствата, изјави владината портпаролка Митева.

Покрај за семејствата помош ќе има и за сите во регионите од каде има загинати и повредени во големата трагедија. Министерството за образование заедно со УНИЦЕФ, професори од Институтот за психологија при УКИМ, Комората на психолози и Црвениот крст обезбеди зајакната психолошка поддршка за сите ученици во државата. Министерката за образование Весна Јаневска кажа дека поддршката ќе биде поинтензивна во општините  каде голем број млади во несреќата во Кочани загубија браќа, сестри, другари и соученици. Психолозите ќе работат по посебен протокол за кризни ситуации. Дел веќе се таму, дел пак ќе имаат кратка обука и од понеделник ќе заминат. 

Реклама

-Формирана е мрежа од 100 училишни психолози од Скопје, но и од други градови, кои ги насочуваме кон Кочани, Виница, Штип, Чешиново Облешево и околните места за да ги поддржат во работата своите колеги во тамошните училишта, работејќи до учениците, со нивните родители. Во моментот 32-ца од нив веќе обезбедуваат директна поддршка на терен, работат со учениците, но и семејствата, изјави Јаневска.

Од Владата будно ја следат и состојбата на социјалните мрежи. Го разбираат сочувството, емпатијата, велат разбирлива и повеќе од оправдана е искрената желба да се помогне, но апелираат да не се шпекулира со податоци дека на семејствата им е потребна финансиска помош за лекувањето, бидејќи таа целосно е обезбедено од државата.

Матеја Петровски