Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Прилози

Државата и Oracle ќе обучуваат граѓани за дигитални вештини – повеќе знаење, поголема вработливост

Повеќе обуки, повеќе знаење, повеќе можности за работа – државата ќе ги…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе обуки, повеќе знаење, повеќе можности за работа – државата ќе ги зајакнува дигиталните вештини кај граѓаните. Министерството за дигитална трансформација заедно со една од најголемите технолошки фирми во САД, Oracle ќе обучуваат луѓе од различни возрасти и проефесии со цел полесно да се вклучат во современиот пазар на труд и да одговорат на потребите на дигиталната економија. Министерот Стефан Андоновски порача дека вистинската дигитална трансформација започнува со едукација и подготовка на кадар, а не само со воведување нови технологии.Според него, без дигитални вештини, нема напредок.

“Со над 200 часа дигитална содржина достапна безплатно преку национален портал за учење граѓаните ќе имаат можност да ги развиваат своите дигитални вештини и да стекнуваат нови знаења.Ова партнерство има јасно дефинирани цели над 10.000 нови обучени граѓани во следните три години. Со амбиција најмалку половина од нив да стекнат меѓународно признати сертификати.Ова значи поголема вработливост и поголема конкурентност на пазарот на труд” – вели Стефан Андоновски, министер за дигитална трансофрмација.

Од раководството на технолошкиот американски гигант Oracle очекуваат голема заинтересираност од страна на граѓаните. Тие сметаат дека ваквите иницијативи се особено важни за младите,но и за оние кои сакаат да направат кариерен пресврт.

Реклама

“Ќе обезбедиме материјали за дигитална обука и основна сертификација за сите граѓани преку наменски портал секој граѓанин ќе може да пристапи на порталот и ќе биде бесплатно.Секој човек ќе може да следи и до 200 часа сертифицирана обука” – изјави Пјер-Ален Бец – потпретседател на “Oracle”.

Иницијативата помеѓу Министерството за дигитална трансофрмација и Oracle има за цел да ја зголеми вработливоста и конкурентноста на пазарот на труд,во услови кога дигиталните вештини стануваат клучни за современата економија…

Инаку Oracle e компанија чие седиште е во Тексас, постои повеќе од 45 години  и се занимава со системи за управување со бази на податоци, кои ги користат банки, влади и големи компании ширум светот. Според јавно достапните податоци остварува приход од речиси 60 милјарди долари годишно.