Реклама

Хаосот со кравите во Крива Паланка ја премина секоја граница, ВМРО-ДПМНЕ му нуди готов акциски план на градоначалникот Митовски

Последниот бугарски цар „политички некоректен“ кон Радев: Местото на Македонија е во ЕУ, историјата да се остави на историчарите

Пензиите, игрите на среќа и наплатата на даноци во фокусот на пратеничките прашања

Цанов објави нови пораки од Ива Михајлова: „Сите ќе умреме уште вечерва“ – барала да го повлече видеото за наводните притисоци од ДАНС

Владата ќе ги модернизира патарините, дигитализацијата и вештачката интелегенција треба да бидат во функција на побрзо патување

На повидок раскол во ДУИ: Груби и Османи, преку свои верни пиони влегоа во отворен судир за превласт

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Македонија

ДПМ го чествуваше Раде Силјан: 40 години од „Пронајден облик“ и промоција на „Поетски облици на времето“

Сакам на македонски да се пишуваат и книгите што денес уште не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сакам на македонски да се пишуваат и книгите што денес уште не умееме да ги замислиме. Да има млади луѓе што со доверба ќе пишуваат на овој јазик и ќе кажат нешто што ние не сме го кажале, рече денеска Раде Силјан на свеченоста во Друштвото на писателите на Македонија, по повод 40 години од објавувањето на „Пронајден облик“ (1986), неговата прва книга со критики и есеи.

Јубилејот беше одбележан со промоција на неговата нова книга „Поетски облици на времето“, во издание на „Матица македонска“, која обединува критички огледи за триесет македонски поети и разгледувања на постарото книжевно наследство. Во шест целини книгата го проследува развојот од средновековното слово и Преродбата до поетските остварувања во XXI век.

– Верувам дека на книжевноста ѝ требаат луѓе што умеат да се израдуваат на добра книга потпишана со туѓо име, порача авторот, чија повеќедецениска работа ги поврзува поетското творештво, критиката, антологиите и издаваштвото.

Реклама

За новото издание, Силјан повторно ги читал македонските поети и ги преиспитувал сопствените критичарски судови. Некои оцени се потврдиле, други барале дополнување, а одамна познатите стихови откривале нови значења низ подоцнежните разделби, загуби и радости.

Силјан зборуваше и за силата на македонската поезија да создаде блискост со читатели што зборуваат друг јазик и живеат во друга земја.

– Некаде некој ќе препознае своја болка во збор напишан на македонски. Во тој миг, нешто од нашиот живот ќе стане дел од неговиот, рече Силјан.

На настанот присуствуваа писатели, универзитетски професори, истражувачи, претставници на културни институции и читатели, а модераторка беше Марина Мијаковска.

Книгата ја промовираше проф. д-р Димитар Пандев, кој ја истакна нејзината компактност и изграденоста како критичка целина. Тој ја оцени како „книга образец за есеистички јазик и стил“ и нагласи дека во неа се спојуваат есеистичката традиција и внимателното читање на македонската поезија.

Во промотивното излагање, Пандев го проследи распонот на книгата од средновековните записи до современата македонска поезија истакнувајќи го начинот на кој Силјан ги чита поетските дела во контекст на книжевниот континуитет. Полувековното присуство на авторот во македонската книжевност го собра во формулацијата „Во светот на поезијата и критиката“, а критичките огледи ги определи како „своевидна естетика и валоризација на македонската поезија“.

Уредникот на книгата и автор на поговорот „Мерата на времето, обликот на вредноста“, Иван Антоновски, се осврна на уредничката одговорност кон издание што собира повеќе децении од македонскиот книжевен живот. Тој го истакна и придонесот на Раде Силјан во делата на другите автори: „На корицата на една книга го читаме името на авторот. Многу потешко се гледаат сите оние што ѝ помогнале да стигне до нас. Раде Силјан со децении е присутен на двете места: на кориците на своите книги и во животот на книгите на другите“.

Антоновски зборуваше и за довербата меѓу генерациите, во која помладиот книжевник е прифатен како соговорник со право на сопствен суд и обврска да го образложи. Во завршницата му се заблагодари на Силјан за делот од животот вложен во делата на другите: „Тој живот е присутен на многу повеќе страници отколку што го носат името на Силјан.“

„Поетски облици на времето“ го продолжува долгогодишното читање и вреднување на македонската поезија од страна на Силјан. Критичките огледи поврзуваат поетски гласови и книжевни времиња, од средновековното слово до современото творештво согледувајќи го секој автор и во особеноста на сопственото дело и во поширокиот развој на македонската книжевност. Книгата ја открива македонската поезија како жива целина, обликувана низ авторите, делата и времето.

Повеќе од половина век, Силјан е присутен во македонскиот книжевен живот како поет и критичар, а преку антологиите и издавачката работа придонесува делата на македонските автори да стигнат до нови читатели. Во два мандата го предводеше ДПМ. Добитник е и на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“, а годинава беше одликуван и со Орденот „8 Септември“.

Со чествувањето, ДПМ му оддаде признание на Раде Силјан, една од централните личности на македонскиот книжевен живот. Неговиот творечки и културен ангажман продолжува да ја збогатува македонската книжевност и да ја отвора кон нови читања.