Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Свет

Досега 11 жртви на пожарот „Кенет“ во Калифорнија, истрага за грешките и одговорноста за стихијата

Пожарот Кенет, кој ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура, во моментов…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пожарот Кенет, кој ги зафати окрузите Лос Анџелес и Вентура, во моментов е 50 отсто локализиран, соопшти Калифорниската противпожарна служба. Пожарот досега се прошири на 1.052 хектари, а пожарникарите се уште се борат со него, јавуваат светските медиуми. Гувернерот на Калифорнија Гавин Њусом повика на независна истрага за тоа како критичните противпожарни хидранти останале без вода и ја „оштетиле“ борбата против шумските пожари во областа Лос Анџелес.

Шумските пожари досега опустошија населби во Лос Анџелес од источната и западната страна, одземајќи 11 жртви, и пеплосаа околу 10 000 објекти и 14 000 хектари земјиште. Пожарите и понатаму беснеат. Жителите чии домови беа проголтани од пламените јазици се уште се во шок и истрауматизирани од најверојатно најголемата природна катастрофа што ги погоди Соединетите Американски држави.

Живеевме тука скоро 16 години. Да беше прекрасен дом и имаме многу убави моменти овде. Мојата ќерка има пријатели најмалку петмина ја загубија куќата. За цели семејства на долг рок ќе биде долго закрепнување.

Реклама

Навистина е лошо. Илајдници луѓе сме, навистина не знам шо ќе правиме. Не знам каде ќе одиме. не знам колку објекти беа оштетени, но тоа е многу. Не знам како сите ќе ја добиеме потребната помош, на сите ќе ни теба помош.

Министерството за здравство и социјална заштита на Соединетите Американски Држави прогласи вонредна состојба во јавното здравство за Калифорнија за да се справи со последиците од шумските пожари. Воведен и полициски час. Огнените стихии ги опустошија квартовите на Лос Анџелес на источната и западната страна, убивајќи досега најмалку десет лица и уништувајќи речиси 10 илјади градежни објекти.

Претседателот Бајден ги прогласи пожарите за голема катастрофа и изјави дека американската влада ќе ги покрие сите трошоци за опоравување во следните шест месеци.

Сто проценти од сите трошоци ќе бидат покриени од федералната влада и од системот за управување со пожари. Ќе упатам апел до конгресот на САД. Ке побараме помош за на овие луѓе да им се обезбеди засолниште и да ја добијат потребната поддршка, вели американскиот претседател Џо Бајден.

Инаку, поради големиот број на грабежи коишто се случиле на погодените, евакуирани подрачја, воведен е строг полициски час во областите области кад има најголема штета од пожарите.

Тековно се активни пет пожари, а најголемиот од нив досега изгорел повеќе од 8.000 хектари земјиште близу Малибуа и областите Пацифик Пелисејдс.

Иако ветерот ослабува, што е во корист на пожарникарите, најавени се нови евакуации во областите Пацифик Пелисејдс.

Исто така, отворени се повеќе од десетина прифатилишта за животни.

„Пожарите, заедно со силните ветрови, сериозно го влошија квалитетот на воздухот со испуштање опасен чад и честички, што претставува непосреден и долгорочен ризик за јавното здравје сооштува американскиот одел за јавно здравје.