Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Прилози

Трамп вети дека ќе се води под мотото „Ветувањата дадени, ветувањата исполнети“, како ќе се спроведат?

Агендата на Доналд Трамп бара од него да ги исполни клучните точки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Агендата на Доналд Трамп бара од него да ги исполни клучните точки за кои зборуваше во неговата кампања: безбедност на границите, зајакнување на економијата и ставање на Америка на прво место. Трамп рече дека ќе се води по мотото„ветувања дадени, ветувања исполнети“.

„Сега е јасно дека го постигнавме најневеројатното политичко нешто – погледнете што се случи. Дали е ова лудо?!“

Како што стана очигледно во изборната ноќ дека Доналд Трамп повторно ќе стане претседател на САД, тој одржа победнички говор во кој ја повтори својата агенда за следните четири години.

Реклама

Безбедноста на границите останува главен приоритет. Трамп рече дека ќе ја започне најголемата програма за депортација на криминалци во американската историја и повика на смртна казна за секој мигрант кој ќе убие американски државјанин или службеник за спроведувач на законот.

„Ќе мораме да ги затвориме тие граници и ќе треба да дозволиме луѓето да дојдат во нашата земја. Ние сакаме луѓето да влезат во нашата земја, но тие мора да влезат легално“, рече Доналд Трамп.

Новоизбраниот потпретседател Џеј Ди Венс се осврна на уште една клучна точка на дневниот ред.

((JD Vance, Vice President-Elect))

По најголемото политичко враќање во американската историја, ние ќе го водиме и најголемото економско враќање во американската историја“.

„Ќе го исплатиме долгот. Ќе ги намалиме даноците“, рече Доналд Трамп.

Помалку е јасно како новата администрација ќе ги постигне своите економски цели без да има ефект на веќе растечкиот дефицит.

Но, во говорот на Трамп беше споменато лице кое би можело да помогне, технолошкиот магнат Илон Маск, за кој Трамп рече дека ќе ја води „владината комисија за ефикасност“ за намалување на фискалниот отпад и измамите.

Трамп го коментираше неодамнешното лансирање на ракетата Старшип на Маск.

„Тоа беше прекрасно да се види. Му се јавив на Илон. Реков: „Илон, ти беше тоа? Тој рече: „Да, јас“. Реков: „Кој друг може да го направи тоа? Дали Русија може да го направи тоа?’ ‘Не’. „Дали Кина може да го направи тоа? ‘Не’. „Дали САД можат да го направат тоа поинаку освен вас? „Не, никој не може да го направи тоа“. Реков: „Затоа и те сакам, Илон“, рече Доналд Трам.

Експертите велат дека пофалбите на Трамп за Маск се однесуваат на проектирање сила и моќ на глобалната сцена.

„Оваа идеја за, дали ние сме единствената земја што може да го направи тоа? О, да. Ние сме единствената земја што може да го направи тоа. И, мислам дека Трамп може да ја искористи оваа прилика со Маск не само како технолошки претприемач, туку и визионер, гениј, за да ја поддржи идејата дека тој оди напред не како поединец, туку како нација“, рече Стефани Алис Бејкер од Универзитретот од Лондон.

Во својот говор, Трамп им кажа на поддржувачите кој ќе биде неговиот водечки принцип на функцијата

„Ќе управувам со едноставно мото „ветувања дадени, ветувања исполнети“. Ќе ги исполниме нашите ветувања“, рече Доналд Трамп.

Едно од тие ветувања ќе биде она што тој го нарекува претстојната „златна доба“ на Америка.

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон