Реклама
Свет

Доналд Трамп денеска ќе стане 47-миот американски претседател

20-ти јануари 2025 година денот “Д” за Доналд Трамп. Под екстремни безбедносни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

20-ти јануари 2025 година денот “Д” за Доналд Трамп. Под екстремни безбедносни мерки, ќе биде инаугуриран 47-миот претседател на САД. Настанот е закажан за во 18 часот по македонско време.

Со 78 години и 7 месеци Трамп ќе биде најстариот инаугуриран Претседател на САД. Свеченоста вообичаено се одржува на отворено, меѓутоа во Вашингтон температурите се спуштија на 12 степени под нулата, поради што инаугурацијата ќе се одржи во зградата на Капитол.

За обезбедувањето ангажирани се околу 25.000 луѓе. Поранешниот таен агент на безбедносните служби, Боби Мекдоналд за „Фокс њуз“ вели дека се прави се за да се гарантира безбедноста на сите инволвирани.

Реклама

„Oчите на светот очигледно ќе бидат вперени во безбедносната служба денес, за да се уверат дека се ќе тече под конец. Мислам дека наскоро ќе имаат нов директор и ќе продолжат со добрата работа. Ова највисоко ниво на безбедносен настан што го имаме во САД. На целиот план се работеше околу 12 месеци. Донесени се голем број полицајци од целата земја. Сите планови за транспорт и се добро познати на безбедносната служба. Многу познати личности кои ги гледам од моето време вложуваат голем труд за да се одржи безбедноста на сите инволвирани“, рече Боби Мекдоналд.

Според програмата, по полагањето заклетва, Трамп ќе ги потпише првите извршни одлуки. Тој веќе најави дека тоа ќе бидат рекорден број на потпишани закони. Меѓу нив клучни ќе бидат промените во политиката кон мигрантите.

Трамп најавува прилично остра мигрантска политика а на вчерашниот митинг рече дека конечно ќе запре инвазијата врз Америка. Промени се очекуваат и во односот на САД кон војната во Украина како и кон политиките кои третираат родово сензитивни прашања.

„Возбуден сум што се вратив со толку многу пријатели, поддржувачи и вистински американски патриоти. Утре напладне се затвора завесата на четирите долги години американски пад. И започнуваме сосема нов ден на американската сила и просперитет, достоинство и гордост. Ќе ставиме крај на владеењето на неуспешниот и корумпиран политички естаблишмент во Вашингтон и неуспешна администрација“, изјави Трамп.

Рускиот претседател Владимир Путин се разбира не е во Вашингтон. но му честиташе на Трамп. Тој при гостувањето на руската национална телевизија изјави дека е отворен за дијалог со новата американска администрација со цел ставање крај на украинскиот конфликт. Европа пак, ќе биде претставена од амбасадорката на ЕУ во САД.

Трамп и првата дама – Меланија веќе пристигнаа во Белата куќа, каде што беа пречекани од претседателот во заминување Џо Бајден и неговата сопруга Џил. Поранешниот претседател во последните часови од својот мандат, издаде помилување за докторот Ентони Фаучи и пензионираниот генерал Марк Мили.

Ова е 60-та претседателска инаугурација во САД и втора на Трамп како претседател. На потпретседателската функција ќе биде назначен Џеј Ди Венс. На настанот се очекуваат меѓу 300 и 500 илјади луѓе. Најавен и е настапот на поп ѕвездата Кери Андервуд кој ќе ја испее песната Прекрасна Америка.