Реклама

Николоски: Македонија станува транзитен центар на Балканот со коридорите 8 и 10

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Македонија

Докторите лути на Караџовски: прво дадете ни опрема – па ќе се обучиме да ја носиме

Поплаките од лекарите и медицинските работници за недостигот на заштитна опрема не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поплаките од лекарите и медицинските работници за недостигот на заштитна опрема не запираат. Тие очајно молат за маски, визири, капи, каљачи, ракавици- насекаде, по медиумите и социјалните мрежи. Д-р Игор Кузмановски од Клиниката за неврологија за Алфа вели, маски и ракавици е единствената заштитна опрема што ја имале на клиниката – но и тие во ограничен број, а останатото како наочари скафандери и каљачи медицинските лица го купувале од свој џеб.

“Од заштитина опрема имаме само хирушки маски и ракавици и тоа не во доволен број. Каљачи, скафандери визири нема ништо од тоа. Ние не сме Ковид болница, но дел од оваа опрема навистина ни е потребна. Но, ни Ковид болниците ни ГОБ “8-ми Септември” како што знаеме од колегите немаат адекватна опрема сите сами се снаоѓаме и сами си купуваме. А каљачи нема никаде како што знам” – изјави Игор Кузмановски,специјалист невролог.

Кузмановски остро реагираше и за изјавата на епидемиологот Караџовски и ја оцени навредлива. Караџовски ги обвини медицинските лица дека не знаеле да се заштитат од вирусот оти неправилно ја користеле опремата и не ги почитувале протоколите за работа.

Реклама

“Изјавата на Караџовски e навистина непрофесионална и навредлива за нас медицинските лица. Бидејќи знаеме дека  над 106 здрвствени работници се заболени  од вкупниот број, што тоа е 13 посто – двојно или тројно повеќе од било каде. Ние треба да ја добиеме опремата па да имаме обука, а ние ја немаме таа опрема.” – тврди Кузмановски.

И доктор Александар Каревски на социјалните мрежи, побара – Караџовски да одговори. Кога, каде, и каква заштитна опрема, била дистрибуирана низ здравствените установи, со датуми и локации? И каква едукација спровел, или организирал за медицинскиот персонал, и дали тој лично, се обидел да се придржува до истата?

Инаку, досега околу 120 здравствени работници во земјава се заразени од корона вирус.

Ања Василева