Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

Докторите апелираат луѓето од поплавените региони строго да ги почитуваат здравствените препораки

Граѓаните од поплавените подрачја строго да ги почитуваат препораките за заштита на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Граѓаните од поплавените подрачја строго да ги почитуваат препораките за заштита на здравјето, алармираат лекарите. Поради можност од контаминација, не треба да се пие вода од водовод или бунари, туку исклучиво водата да биде флаширана или превриена најмалку една минута. Неопходно е редовно миење на рацете и користење средства за дезинфекција доколку нема техничка вода. Храната што била во контакт со поплавената вода, како и онаа од фрижидерите поради можен прекин на струја, треба да се фрли.

„Да се исчистат површините кои се зафатени со поплавите со средства за дезинфекција на база на хлор, да се проветруваат просториите затоа што постои ризик од мувла која негативно влијае врз организмот, посебно кај луѓето кои имаат респираторни заболувања. Оние предмети коишто се зафатени со поплавите да се отстранат од домовите затоа што постои ризик да бидат контаминирани со водата што ги поплавила“, изјави д-р Валентина Митрова, специјалист по семејна медицина.

Непочитувањето на препораките може да доведе до гастроентероколитис, со симптоми како мачнина, треска и дијареа. Засега, поради пониските температури, нема зголемен ризик од појава на други заразни заболувања. При расчистување на поплавените домови, граѓаните, особено оние со отворени рани, мора да бидат крајно внимателни и да користат заштитна опрема при чистење.

Реклама

„Оние што веќе имаат отворени рани на кожата или телото да ги заштитат при чистењето, бидејќи се влезна врата за инфекција кога работат, односно ги чистат своите домови. Да користат заштитни ракавици, високи чизми, да внимаваат при уредите каде што има електрична енергија, да не се движат каде има брза вода, затоа што сето тоа може да биде ризик по нивното здравје“, изјави д-р Валентина Митрова, специјалист по семејна медицина.

Покрај финансиските штети, поплавите оставаат и силни психолошки последици, објаснува доктор Митрова. Загубата и штетата што ја претрпеа семејствата во Кичево, Гостивар, Сарај и Липково е голема, па се препорачува разговор со блиските, а доколку е потребно и со стручни лица.