Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Договорот со Бугарија може да се репреговара, дециден е Мицкоски, тоа еднаш веќе се случи со францускиот предлог

Ако можеше на Договорот за добрососедство да се додаде францускиот предлог, зошто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ако можеше на Договорот за добрососедство да се додаде францускиот предлог, зошто да не може на францускиот да се додаде друг предлог кој ќе исцрта црвени идентитетски линии и ќе ги заштити интересите на Македонецот – и во земјава, и во Бугарија и секаде низ светот? Премиерот Христијан Мицкоски е дециден дека неговата влада нема да прифаќа диктати и ултиматуми. Оваа реакција доаѓа откако амбасадорката на САД, Анџела Агелер рече дека договорите со соседите не може да се репреговараат, а не може ниту да се репреговара напредокот на Македонија кон Европската Унија.

Што се однесува во уставните измени, кои се дел од т.н. француски предлог, кој што е додаток на Договорот за добрососедство, односно репреговарање на Договорот за добрососедство и во однос на тоа нашиот став го знаете дека диктати и ултиматуми не преговараме, така што ако може Договорот за добрососедство да биде репреговаран и на него да му се додаде т.н. „француски предлог“ не гледам причина зошто да не се додаде некој француски предлог плус или некој друг предлог, кој ќе ги опфати барањата на македонскиот народ, на Македонците во Бугарија, изјави премиерот Мицкоски.

Според Мицкоски, односите со Бугарија треба да бидат во духот на реципроцитетот. Доколку тие бараат да се заштитат правата на Бугарите во земјава преку внесувањето на малцинството во Уставот, тогаш неопходно е да се поведе сметка за пресудите од Европскиот суд за човекови права за македонската заедница во Бугарија.

Реклама

Треба да видиме во Европа, која е таа институција која е одговорна да донесе одлука, чии човекови права се нарушени или не се. Тоа е Европскиот суд за човекови права и ако ја погледнете денеска ситуацијата или спортски да се изразам семафорот ќе видите резултат 14:0, односно имате 14 пресуди за македонската заедница во Бугарија, чии што права се или ограничени или нарушени и нула за бугарската заедница во Македонија. Така што мораме да имаме политика, која не се темели на двојни стандарди. Таква политика води оваа нова влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ и се додека сум јас претседател немам намера да водам политика на двојни аршини, рече Мицкоски.

Францускиот предлог  кој го прифати Владата на чело со Ковачевски, кој ги содржи сите бугарски барања, стана огромна пречка за македонските евроинтеграции, и покрај тоа што според анкетите, огромен процент од граѓаните беа од против истиот.

Што се однесува до Преспанскиот договор, премиерот Мицкоски го повтори ставот дека Преспанскиот договор е реалност и дека владата ќе го почитува како дел од уставниот и правниот поредок на Македонија.