Реклама

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Свет

Договорено примирје: Прекин на огнот, размена на заложници во Газа со палестински затвореници

По неколкунеделната војна, конечно, владата на Израел и Хамас објавија договор со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По неколкунеделната војна, конечно, владата на Израел и Хамас објавија договор со кој се овозможува ослободување на најмалку 50 заложници во Газа, а за возврат ќе бидат пуштени голем број палестински затвореници во Израел, додека на жителите на Газа им се нуди четиридневно примирје.

„Верувам дека ќе се реши ова прашање и дека ќе има привремено примирје, според кое непријателствата ќе прекинат на неколку дена. Ќе влезе помош за нашиот народ, а цивилите, жените и децата ќе бидат разменети за жени и деца од затворите на окупаторот. Се надеваме дека договорот што е на маса денес ќе отвори чист пат за примирје доколу окупацијата го сака тоа“, изјави Калил Ал-Хаја, официјален претставник на Хамас

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека прифаќањето на договорот за ослободување на заложниците земени во нападите на Хамас на 7 октомври е „тешка одлука, но е правилна одлука“.

Реклама

„Се соочуваме со тешка одлука, но тоа е правилна одлука. Ние сме во војна и ќе ја продолжиме војната се додека не ги постигнеме сите наши цели: да го уништиме Хамас, да ги вратиме сите заложници и исчезнати и да се осигураме дека Газа не претставува закана за Израел. Побарав од нашиот пријател Џо Бајден да се вклучат повеќе заложници во договорот, и разговорите беа плодни. Му благодарам“, рече Нетанјаху.

ИЗРАЕЛЦИТЕ СО „ИЗМЕШАНИ ЧУВСТВА“ ЗА ДОГОВОРОТ СО ХАМАС

Израелците во Тел Авив со измешани чувства. Се радуваат на постигнатиот договор, но не во целост се додека сите заложници не се вратат дома.

„Од една страна, навистина сум среќен што заложниците се враќаат дома. Не спиеме, постојани мислиме на нив, тоа не кине од внатре. Од друга страна, имам измешани чувства бидејќи има уште многу киднапирани кои сè уште остануваат таму“, изјави Рој, претприемач во Тел Авив.

„Не е доволно. Овој договор е според нивни услови. Ќе прават како сакаат, ќе ги вратат мајките без нивните деца или со само едно дете, оставајќи ги татковците. Тоа се наши луѓе, треба да ги вратиме сите.  Договор, според наши услови“, истакна Синди, жител на Тел Авив.

Министерството за надворешни работи на Катар го потврди договорот, велејќи дека прекинот на огнот ќе биде објавен во следните 24 часа и ќе трае четири дена, под услов да се продолжи. Договорот беше поздравен од земјите како Велика Британија, Кина, Египет, Франција и Германија, со надеж „хуманитарната пауза да се искористи за витална помош за луѓето во Газа“.