Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Доделување на новинарските награди „Гласник на невидливите“ и панел со експерти за комуникација на тема сиромаштија

Во Скопје попладне ќе бидат доделени наградите „Гласник на невидливите“ за новинари кои известуваат за невидливите. Во рамки на настанот за доделување на наградите ќе се одржи отворена панел-дискусија на тема: „Медиумите и Сиромаштијата – Гласно против тишината“ која е исклучителна шанса за вмрежување, запознавање со практиките на колегите новинари од осум европски земји и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Скопје попладне ќе бидат доделени наградите „Гласник на невидливите“ за новинари кои известуваат за невидливите. Во рамки на настанот за доделување на наградите ќе се одржи отворена панел-дискусија на тема: „Медиумите и Сиромаштијата – Гласно против тишината“ која е исклучителна шанса за вмрежување, запознавање со практиките на колегите новинари од осум европски земји и заеднички крик против социјалната тишина во Македонија и во Европа, информираат од  Македонската платформа против сиромаштија (МППС).

-Ова е уникатна можност да размените искуства со врвни европски експерти за комуникација на тема сиромаштија и „експерти по искуство во сиромаштија“ од европските земји. Активностите се реализираат во рамки на меѓународниот проект „Journalism-prize goes international“, кој го спроведуваме во конзорциум предводен од Австриската мрежа против сиромаштија, а финансиран од  ЕРСТЕ Фондацијата, велат од МППС.

Нагласуваат дека МППС од 15 до 17 јуни 2026 година е домаќин на претставници од осум национални мрежи против сиромаштија и на комуникацискиот тим на Европската мрежа против сиромаштија (EAPN).

Реклама

Како што посочуваат годинашни добитници на наградата Гласник на невидливите се: Бојан Шашевски – „Училниците уште не се „проветрени“ од дискриминацијата кон атипичните деца“; Ирина Крстевска –  Фото сторија „ГМП – Пат кон зависност и сива економија, наместо излез од сиромаштија?“; Лени Фрчкоски и Марта Стевковска – „Женското е туѓа фамилија“; Љубица Иванова – „Наставничката Маја е единствената вработена која се грижи за сите услови во училиштето во село Маврово“; Магдалена Стојмановиќ – Константинов – „Замаглените лица на сиромаштијата“; Михаил Милошевски – „Периките на хуманитарката Сашка Кузманова кои со пари не се купуваат“; Слободан Иванов – „Глаголицата како парабола за денешното сеопфатно општество: Отворена изложбата „Глаголички откровенија“ на Томе Даневски во КИЦ – Скопје“; и Сунчица Стојановска Зоксимовска – „Македонци на „фармацевтски туризам“ во Косово и во Србија за поевтини лекови“.