Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Доделување на наградата „Оливера Николова“ за 2026 и промоција на победничкиот роман од Ванчо Полазаревски

Доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ од Ванчо Полазаревски ќе се одржат вечер, а настанот, на кој ќе биде награден добитникот на признанието за најдобар необјавен роман за деца и млади, што го носи името на големата македонска писателка за деца, Оливера Николова, се одржува на Меѓународниот ден на детето, кој во светски рамки се одбележува на 1 јуни.

Вториот добитник на наградата беше избран со едногласна одлука на жири-комисијата составена од Оливера Ќорвезироска (уредничка и писателка), Ермис Лафазановски (првиот добитник на наградата во 2025 година) и Јованка Денкова (професорка по книжевност за деца на Филолошкиот факултет при УГД во Штип). На настанот ќе се обратат членовите на жирито и авторот.

На вториот конкурс, кој траеше од 11 септември 2025 до 11 јануари 2026 година, пристигнаа 46 ракописи. Победникот беше прогласен на прес-конференција, одржана на 11 март, на денот на раѓањето на Оливера Николова.

Реклама

„Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ е забавен и духовит роман, кој ја подвлекува важноста на екологијата, а околината и природата ги сфаќа како наш единствен, вистински и заеднички дом. Тоа го прави на еден даровит, невообичаен и мошне ведар начин, при што веселоста ѝ претходи на сериозната порака. Но, еколошката поука допира до читателите штом ќе стивне смеата и ќе се затвори последната страница на романот.

Наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади ја востанови издавачката куќа „Арс Ламина“, со поддршка од семејството на Николова, на 11 март минатата година. Оливера Николова почина на 3 ноември 2024 година. Мисијата на наградата е двојна: да се одржи континуитетот на големото авторско име на Николова преку симболично творечко надоврзување на нејзината трага во современата македонска книжевност и да се ревитализира еден од жанровите во кои таа создаваше – романот за деца и млади.

На првиот конкурс (за 2025 година) победи романот „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, а во најтесен избор за наградата беше „Сам во рој“ од Иван Дричко (псевдоним на Сашо Кокаланов).

„Арс Ламина“ веќе го распиша и третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година.

Романот „Чудна случка во гратчето Капи и Штици“ наскоро ќе биде достапен во сите поголеми книжарници, како и онлајн преку www.literatura.mk.