Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Доделена годишната Награда на најдобрите научници и уметник на УКИМ за постигнати врвни резултати во 2024 година

Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доделена е годишната Награда на најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје за постигнати врвни резултати во 2024 година, соопштија попладнево од УКИМ.

Добитници на Наградата за најдобри научници и уметник на УКИМ за 2024 година, се проф. д-р Јасмина Петреска Станоева, од Природно-математичкиот факултет, најдобар научник за природно-математички науки; проф. д-р Христијан Ѓорески, од Факултетот за електротехника и информациски технологии, најдобар научник за техничко-технолошки науки; проф. д-р Драган Мијакоски, од Медицинскиот факултет, најдобар научник за медицински науки и здравство;  вон. проф. д-р Мартин Николовски, од Факултетот за ветеринарна медицина, најдобар научник за ветеринарни и земјоделски науки; проф. д-р Огнен Спасовски, од Филозофскиот факултет, најдобар научник за општествени науки, како и проф. д-р Драган Даутовски, од Факултетот за музички уметности, најдобар научник за хуманистички науки.

– Денес, на 10 ноември, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се приклучува кон светската заедница во одбележувањето на Светскиот ден на науката за мир и развој, прогласен од УНЕСКО. Оваа година, темата: „Доверба, трансформација и иднината: Науката што ни е потребна за 2050 година“ повикува на размислување како се создава науката денес, и како се гради довербата во неа, за генерациите што доаѓаат. Бидејќи, науката отсекогаш била двигател на човечкиот напредок, а денес, повеќе од кога било, потребна е наука што гради доверба – доверба меѓу истражувачите и општеството, меѓу универзитетите и индустријата, меѓу знаењето и етиката. Токму во довербата, се раѓа можноста за вистинска трансформација – онаа што ги менува системите, економијата, образованието и начинот на кој се гледа кон иднината. Потребна е наука што создава нови технологии, но и нови вредности, наука што се грижи за човекот, за општеството, за планетата, наука што е отворена, одржлива и хумана, се наведува во соопштението.

Реклама

На Светскиот ден на науката, како што додаваат од УКИМ, со гордост ги чествуваат најдобрите научници и уметник на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, чии резултати за 2024 година, како што се истакнува, ја претставуваат токму таа визија – наука што гради доверба и отвора пат кон иднината.

Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, ја доделила годишната Награда на Универзитетот, за постигнати врвни резултати во научноистражувачката и уметничката дејност во текот на изминатата календарска година.

Истакнувајќи го значењето на научната дејност за нашето општество, ректорката на УКИМ, проф. д-р Ангелова упатила честитки до сите наградени.

– Вие сте инспирација за сите нас, особено за идните генерации што ќе го водат нашето општество кон поинтелигентна и поодржлива иднина. Да продолжиме сите заедно да ја негуваме довербата во науката, да ја поттикнуваме трансформацијата преку знаење, и да ја градиме иднината што ја заслужуваме – иднина во која науката е јадро на мирот, развојот и човековата благосостојба, додала таа.