Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

До крајот на годинава, „Сејф Сити“ ќе лови и непрописно паркирање и лудување по улиците

Сејф Сити нема да ги лови само брзите возачи и минувачите на црвено. До крајот на годинава безбедносниот систем ќе регистрира и ќе казнува за погрешно паркирање и непрописно вртење на места каде што тоа не е дозволено. Министерот Тошковски е задоволен од досегашните ефекти од воведувањето на системот, кој донесе не само помалку сообраќајки, […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сејф Сити нема да ги лови само брзите возачи и минувачите на црвено. До крајот на годинава безбедносниот систем ќе регистрира и ќе казнува за погрешно паркирање и непрописно вртење на места каде што тоа не е дозволено. Министерот Тошковски е задоволен од досегашните ефекти од воведувањето на системот, кој донесе не само помалку сообраќајки, туку и помала црна статистика.

„Мислам дека треба да одиме чекор по чекор, да сме сигурни дека она коешто го имплементираме е функционално и дека ги дава очекуваните резултати, не само од аспект на намалување на бројот на повредени луѓе и намалување на бројот на жртви, туку и од аспект на намалување на судските постапки.“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

За поголем ред и безбедност засилени се контролите и мерките против моторџиите. Во подготовка се законски измени со кои казни ќе може да има и за електричните тротинети.

Реклама

„Ако јас лично се прашувам, јас би ги забранил тротинетите да се управуваат во Македонија. Електричните тротинети. Но, ќе оставам во рамки на една дебата, предлози итн. Да најдеме соодветно решение, тргнувајќи од аспект на повредени лица, тешко телесно повредени лица, загинати лица. Јас би ги забранил целосно.“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Како дел од зајакнувањето на сообраќајната контрола е и Предлог-законот за возила, кој ќе го намали просторот за злоупотреби и при регистрација и при технички преглед. Најголем удар со новите законски измени се очекува да добијат манипулациите при продажбата и регистрацијата на возила.

Освен што ќе лови минувачи на црвено светло и брзи возачи, Сејф Сити ќе казнува и погрешно паркирање и непрописно управување со возилото.

Бојан Таневски