Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Прилози

До крајот на годината ќе се распише тендерот за изградба на Регионалната депонија во Новаци

До крајот на годинава, или најдоцна до почетокот на наредната, се очекува да биде распишан тендерот за изградба на современата Регионална депонија во Новаци. Дотогаш, се забрзува со сите други подготвителни активности во 18-те општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион кои ќе бидат опфатени со оваа депонија, под будно мониторирање на ЕУ, бидејќи станува збор […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годинава, или најдоцна до почетокот на наредната, се очекува да биде распишан тендерот за изградба на современата Регионална депонија во Новаци. Дотогаш, се забрзува со сите други подготвителни активности во 18-те општини од Пелагонискиот и Југозападниот регион кои ќе бидат опфатени со оваа депонија, под будно мониторирање на ЕУ, бидејќи станува збор за средства и грантови од ЕБРД, уверуваат од Министерството за животна средина.

„Ние како Министерство и Влада сме оптимисти дека крајот на годината, евентуално почетокот на 2027 година, ќе биде распишан тендерот за изградба. А побрзо од тендерот за изградба на депонијата, ќе биде пуштен тендерот за изградба на претоварните станици… Паралелно со изградбата на депонијата ќе биде граден и нов локален пат за општините што гравитираат околу депонијата, за воопшто да не влегува ниту еден камион“, – изјави Ане Лашкоска, заменик-министер за животна средина.

Општина Прилеп, како една од општините во кои ќе се гради претоварна станица, а и како досегашен лидер во селекцијата и управувањето со отпадот, освен што ги привршува активностите за пуштање во употреба на новата фабрика за секундарна селекција на отпад, со што ќе стане првата општина на Балканот со сопствена ваква фабрика, засилено работи и на доусовршување на сите капацитети на ЈКП „Комуналец“. Меѓу нив е и набавката на нови контејнери и канти, како и на 9-те возила кои се донација од Владата.

Реклама

„Тука се и возилата. Три досега се доставени. Едно е регистрирано и може да се стави во функција. Очекуваме уште шест други возила кои значително ќе ги подобрат условите за работа на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп… Во фаза на изработка сме на нова одлука за комунален ред, доставена е до сите јавни претпријатија и препорачувам истата, кога ќе биде донесена од страна на Советот на Општина Прилеп, да биде дословно почитувана“, – рече Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

„Преку Министерството за животна средина обезбедивме 126 контејнери од 1,1 метар кубен за селекција на мешан комунален отпад, пластика и хартија, и 8.318 канти за селекција на мешан комунален отпад и пластика… Кантите од 120 литри за домаќинствата ќе бидат доделени бесплатно за оние домаќинства кои воопшто немаат канти за селекција на отпад“, – кажа Љубиша Јованоски, директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

Инаку, Општина Прилеп веќе работи на зајакнувањето и на комуналните инспекциски служби.