Реклама

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Македонија

До 1 февруари забрана за риболов на сите видови риба на Мавровско Езеро,  река Радика и нејзините притоки

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука  за завршување на  сезоната на риболов во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Националниот парк „Маврово“ донесе одлука  за завршување на  сезоната на риболов во водите на подрачјето на паркот, вклучувајќи го Мавровско Езеро, реката Радика и нејзините притоки, за сезоната 2024/2025 година.

-Во исто време со одлуката се воведува забрана за риболов, која стапи во сила на 1 ноември и ќе трае  до 31 јануари следната година. Се однесува за сите видови риба, на водните ресурси на подрачјето на паркот. Овој период е наменет за заштита и обновување на рибниот фонд, со цел зачувување на природната рамнотежа и обезбедување на одржлив развој на спортскиот риболов во наредните сезони, рече Харис Ибраими, директор.

Додаде дека новата сезона за спортски риболов ќе започне на 1 февруари 2026 година.

Реклама

-Им се заблагодаруваме на сите спортски риболовци за разбирањето и придржувањето кон оваа одлука, со што заеднички придонесуваме за заштита на природното богатство на Националниот парк „Маврово“, посочи тој.

Благодарение на грижата за заштита и збогатување на рибниот фонд, на бреговите на Мавровското Езеро и реката Радика, се побројни се домашни спортски риболовци, но и од соседните земји, во летниот период, но посебно и за време на викендите и празнични денови