Реклама

Превенцијата и психолошката поддршка клучни за успешно лекување на пациентите со рак на дојка

Онлајн туризам со еден клик – меѓународни платформи, невидлива конкуренција за домашните туристички агенции

Како најевтино и најефикасно да се затоплиме – струјата најскапа опција

16 уапсени во големата акција на МВР – пронајдени дрога, оружје и муниција

БИРН: Србија финансирала здруженија во Македонија поврзани со промоција на партијата на Вучиќ

Купување онлајн со плаќање на врата – граѓаните повеќе преферираат кеш отколку интернет трансакција

Опустошени улици, запалени објекти и автомобили – хаос во Франција по тензичната и насилна ноќ

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Македонија

Дневниот центар за стари лица во втора фаза на презентација пред гевгелиските граѓани

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија ја спроведува втората фаза од проектот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општинската организација на Црвен крст Гевгелија ја спроведува втората фаза од проектот за Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење кој ќе функционира за подрачјето на Гевгелија. Во оваа фаза на проектот предвидено е тој да биде презентиран и да стигне до крајните корисници.

Според информациите од Црвен крст – Гевгелија, просторот е веќе опремен, се наоѓа на лесно достапна локација на приземјето на Градскиот трговски центар, а ќе биде отворен од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

– Следејќи ги светските трендови, Општинската организација на Црвен крст Гевгелија во партнерство со Општина Гевгелија ја воспоставува услугата „Центар за дневен престој на стари лица со активно стареење“, која е одраз на реалните потреби за поддршка на лицата во третото доба во текот на стареењето. Се очекува тука да се обезбеди пријатна средина за дружење, едукација и креативни активности на овие лица. Главна цел на Центарот е да го унапреди квалитетот на животот, благосостојбата и психо-физичката состојба на старите лица, истакна Лазар Мешков, секретар на гевгелискиот Црвен крст.

Реклама

Во современо опремениот простор главното мото со кое се пречекуваат лицата од зрелата доба е дека активното стареење е патување во кое поддршката, вниманието и човечноста го прават секој ден значаен, додека на рекламните информации се наведени активностите кои центарот треба да ги понуди, а тоа се: едукации, креативни работилници, друштвени активности, екскурзии, размена на искуства, интерактивни игри.

Новата социјална услуга која се воспоставува во Гевгелија е заединчка иницијатива на Општината и Црвениот крст, како резултат на одобрена апликација на третиот Јавен повик во рамки на Проектот за развој на социјални услуги, спроведуван од Министерството за социјална политика, демографија и млади, а поддржан од Светска банка.