Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

ДКСК поведе постапки за 234 советници во општини кои не поднеле изјава за имотна состојба

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно донесоа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска едногласно донесоа одлука да се поведат постапки за 234 советници избрани во општините во државава кои не ја исполниле законската обврска за поднесување изјава за имотна состојба и интереси во законски утврдениот рок.

Како што образложи претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси.

Тој додаде дека во оваа бројка не се вклучени советниците од Општина Куманово, за кои, како што посочи, претходно е утврдено непочитување на обврската и за кои веќе се изречени соодветни прекршочни налози.

Реклама

Според извршената анализа на Секторот за контроли при ДКСК, советници од 61општина не ја доставиле изјавата, поради што Комисијата ќе постапува поединечно за секој предмет. За лицата кои нема да го платат изречениот прекршочен налог во рок од осум дена, ќе бидат иницирани прекршочни постапки пред надлежната Комисија за прекршоци.

Чучуљ потсети дека ДКСК редовно објавува податоци за извршените контроли, повредите на законот и изречените глоби на својата веб‑страница, па така и имињата на овие советници ќе бидат јавно достапни кога ќе започнат постапките.