Реклама

Пожарите под целосна контрола: Деноноќна борба со огнената стихија

АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK со кој се овозможува сигурно и континуирано снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните три години

„Пулс“ претворен во ноќен клуб без документација: вештаците откриваат сериозни пропусти

34 години Армија: од традицијата на борците до рамноправен член на НАТО

Се подготвува нова стратегија – повеќе туристи што ќе останат подолго и ќе трошат повеќе

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Македонија

ДКСК ќе истражува дали Академијата за судии и јавни обвинители го прекршила Изборниот законик

Државната комисија за спречување на корупција оформи предмет за објавениот оглас за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната комисија за спречување на корупција оформи предмет за објавениот оглас за прием на нови 130 слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, откако до нив пристигнале две пријави за прекршување на Изборниот законик и Законот за спречување на корупација. Роковите истекуваат, а Академијата има уште неколку денови од законските 15 за да ги достави потребните податоци до Антикорупциска.

Веднаш оформивме предмет, до инситуцијата доставивме барање со потребни документи, рокот за доставување на овие податоци тече. По утврдување на фактичката состојба ќе донесеме и соодветнан одлука, вели претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска.

Времето истекува и за идните судии и јавни обвинители, бидејќи на 1 април започнуваат со полагање на квалификациониот тест, а на страната на Академијата се уште не е достапна базата на прашања.

Реклама

Според познавачите, спорно е што и годинава наместо електронски, тие ќе полагаат писмено. Оваа измена беше направена во последен момент и тоа со европско знаменце.

Ваквиот начин на полагање на тестовите, според познавачите е плодна почва за манипулација со тестовите и е уште еден доказ дека власта не успеа да ја тргне политиката од правосудниот систем.

Многупати се истите работи кажани, но очигледно е дека никој не ги слуша и нема слух. Политиката е длабоко навлезена во правосудството и е нивно добро орудие за оправување и средување на некои работи. Така што не е ова изолиран случај и не е ништо ново, вели адвокатот Звонко Давидовиќ.

Според професорот Гордан Калајџиев Академијата подолго време е извор на проблеми, е не фактор на стабилност. 

Подолго време академијата е извор на проблеми и контроверзии наместо фактор на стабилност и развој. Време е конечно да излезе од долгата фаза на практично пилот проект, но претходно треба отворено и реално да се анализира постигнатото, пишува професорот Гордан Калајџиев.

Последниве години сопруги, синови ќерки на функционери  ја поминаа обуката на Академијата а дел од нив се веќе избрани судии и обвинители. Меѓу нив е синот на сегашниот технички премиер Талат Џафери кој стана обвинител.