Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Дизелот со иста цена, 95-ката поевтинува за 2,5 денари, 98-цата за 3 денари по литар

Цената на дизелот останува иста, 95-ката поевтинува за 2,5 денари, а 98…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Цената на дизелот останува иста, 95-ката поевтинува за 2,5 денари, а 98 за 3 денари по литар. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата. Со оваа промена, бензинот од 95 октани ќе се точи по цена од 84 денари. 98-цата од полноќ ќе се продава по 85,5 денари за литар. Дизелот останува со цена од 95,5 денари  за литар. Од овие цени, бензинските станици можат да ги продаваат горивата и до 3 денари по литар поевтино поради попустот од снабдувачот ОКТА. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за половина денар и новата цена изнесува 92,50 ден/лит. Мазутот поевтинува за 0,663 ден/кг, и со тоа неговата цена изнесува 50,410 ден/кг.

ЦЕНИ НА ГОРИВА 30.03.2026

ЕУРОСУПЕР 95 84,00 (денари/литар)

Реклама

ЕУРОСУПЕР 98 85,50 (денари/литар)

ЕУРОДИЗЕЛ        95,50 (денари/литар)

Масло за горење – Екстра лесно 92,50 (денари/литар)

Мазут                   50,410 (денари/килограм)

Регулаторна го намали надоместокот за определување на густина на нафтените деривати,  транспортните трошоци до склад во земјава, како и трошоците за работење преку склад и трговска маржа со вклучени транспортни трошоци од склад до бензински станици и крајни потрошувачи. Со оваа одлука, цената паѓа за половина денар по литар.

„Се менува износот од 8,20 ден/литар на 7,70 ден/литар, како резултат на намалувањето на трошокот за работење преку склад, кој наместо 1,70 денари/литар, сега ќе изнесува 1,20 денари/литар. Потребата од оваа измена произлегува од актуелните случувања на светските берзи на цени на нафта и нафтени деривати и нивното влијание на домашниот пазар со нафта и нафтени деривати, а со цел да се обезбеди заштита на потрошувачите, како и сигурност во снабдувањето со нафта и нафтени деривати во земјата“ – РКЕ.

Инаку, граѓаните не мора да чекаат од понеделник до понеделник за нови цени. Поради вонредните мерки на Владата и попустот на ОКТА од 3 денари пол литар кон малите трговци, Регулаторната комисија за енергетика минатиот понеделник пак го промени Правилникот за почесто да ги определува цените на нафтените деривати.

Владата одлучи да се бори со ценовниот удар предизвикан од поскапувањето на горивата со кратење на ДДВ од 18 на 10%. Граѓаните и бизнисите имаат бенефит преку стабилизација на цените веќе една недела. Цената на брент нафтата на светските берзи порасна од 112 во петокот на 115 долари по барел. Премиерот Мицкоски рече дека ситуацијата будно се следи и по потреба ќе се одлучува дали мерката ќе се продолжи за уште некоја недела, дали ДДВ ќе оди за уште некој процент надолу, дали ќе се намалат акцизите или пак, ќе се донесат и други дополнителни мерки.

Македонија и натаму има најевтини бензини со цена од 1,37 до 1,39 евра за литар и дизело од 1,55 евра за литар. Во соседна Србија бензините се продаваат и до 1,83 евра, а дизелот достигнува 1,95 евра за литар. На бензинските во Хрватска цените на бензините и дизелот се околу две евра за литар. Босна и Херцеговина има исти цени како и кај нас, но дизелот е значително поскап или 1,74 евра за литар. Во Словенија бензините се продаваат до 1,85 евра, а дизелот надминува две евра за литар. Во Црна Гора дизелот е нешто поскап од кај нас, а бензините значително поскапи или 1,56 евра за литар. Во Грција и Албанија дизелот надминува цена од две евра за литар.