Реклама

Делчево го намалува долгот – по 20 години се наѕира деблокада на општинската сметка

Сушата и невремето го намалија родот на тутунот

Протест во Скопје против пресудата на Хаг за водачите на УЧК

Фон Дер Лајен ќе го претстави новиот план за проширувањето- Дали е можен пресврт за Западен Балкан?

Филипче обвинува за пуч, Платформата дека шири хистерија

Туризмот расте – Од година во година се повеќе туристи во Македонија

Мицкоски: Со Бугарија имаме билатерален спор, потребна е вклученост на ЕУ за да ги слушне аргументите на двете страни

Мицкоски: Потребни се брзи испораки од ЕУ со цел да се намалат фрустрациите на граѓаните од Западен Балкан

Сиљановска Давкова ја одликуваш научничката Светлана Мојсов со орден „8 септември“ за заслуги во биохемијата

Кочани доби центар за услуги – документи без шетање по институции

Николоски: ќе се гради експресен пат од Радовиш до границата со Бугарија

Цврсто во НАТО, стратешки со САД и со јасни правила за членство во Европската Унија – силни и јасни пораки на премиерот Мицкоски од Њујорк

Македонија

Директорот на СОЗР Томовски за Алфа ТВ: Службените автомобили со нови таблички во боја за да се спречат злоупотреби

Службените возила во Македонија ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Службените возила во Македонија ќе добијат специјални регистарски таблички во боја, за да се спречи нивната злоупотреба. Оваа мерка ја најави директорот на службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Ивица Томовски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа и покажа како тие таблици ќе изгледаат.

Според него, ќе бидат издадени околу 6.500 такви таблички за сите возила на територијата на Македонија, а исто така ќе се воведат и телефонски линии за пријавување злоупотреби, по што ќе се постапува.

Оваа одлука следи по одлуката на Владата на 17 септември, која донесе предлог за измена на законите што се однесуваат на државни возила и воведување на регистарски таблички со посебна боја, што ќе овозможи лесно идентификување на службените автомобили.

Реклама

Томовски потенцираше дека кога влегол во СОЗР незатекнал, ни малку поразлично нешто од другите институции. Се соочил со хаотична состојба, девастирани институции, демотивирани работници. Томовски додаде и дека државните објекти се оставени седум години без да се закова буквално ниту една шајка од страна на претходната влада, која со години не обезбедила ниту потегнала постапка да го средат имотот на државата.