Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

🎥 Директорот на Геријатрија вели дека е невин, тврди дека не земал мито за болнички прием

Ниту сме барале, ниту сме земале мито. Станува збор за недоразбирање и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ниту сме барале, ниту сме земале мито. Станува збор за недоразбирање и нерасчистени работи.

Вака екс директорот на геријатрија Мусхин Арифи и посредникот Блерим Амити, двајцата обвинети дека барале и зеле поткуп од 20.000 евра за хоспитализирање на неподвижна жена, во судницата на Кривичниот суд, се правдаа дека се невини.

Адвокатите тврдат дека имаат докази и сведоци коишто ќе ја докажат невиноста на обвинетите. Тие на судот му предложија сведоци кои се вработени во геријатрија, а дел од нив присуствувале и на состаноците на кои според Обвинителството се преговарало за мито.

Реклама

Обвинителството е самоуверено и цврсто стои на ставот дека има докази за вината на директорот и за вториот обвинет кој посредувал и пренесувал на старателката на неподвижната жена, колку и како да се даде поткупот.

Оваа постапка ја илустрира длабоката корупција вкорената во нашето општество, вели обвинителката Искра Хаџи Василева. Таа во воведните зборови рече дека храброста на сведокот да пријави овозможила да се поведе постапка и правдата да биде задоволена. Им порача на граѓаните да не молчат и да ја пријавуваат корупцијата со која живееме.

Инаку, според обвинителниот акт, Арифи побарал 20.000 евра за да овозможи прием на пациентка во тешка здравствена состојба. Амити, пак, кој го познавал сведокот, се понудил да посредува и ја примил паричната сума, по што бил фатен од полицијата.

Митото го пријавила братучедка на пациентката која и била старателка и се грижела за неа.

Инаку, 43 годишната пациентка била имотна, а тоа го знаеле и обвинетите. Тие од старателката барале да се продаде станот на болната жена и со тие пари да им се плати мито за нејзиното хоспитализирање. Директорот се гони за примање на мито, посредникот за примање награда за незаконско влијание. И двајцата се во притвор.

Судењето продолжува на 16 септември со сведочењето на пријавителката на поткупот.