Реклама

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Македонија

Директорот на Царина од Атина: Размената на податоци ја зголемува меѓусебната доверба со ЕУ и овозможува олеснување на трговијата

Размената на информации помеѓу царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт или т.н.зелени ленти, ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Размената на информации помеѓу царинските управи на Западен Балкан и ЕУ пред да пристигне стоката на самите гранични премини ја зголемува довербата меѓу државите, што е клучно за олеснување на трговијата и зголемување на конкурентноста на нашите економии. Преку воспоставување на ваквиот концепт или т.н.зелени ленти, ја покажуваме нашата подготвеност за пристапување во единствениот пазар на ЕУ, особено во областа на дигитализацијата, менаџирањето со ризици и регионалната соработка, истакна директорот Бобан Николовски на третата конференција на високо ниво на генералните директори на Царинските управи од Западен Балкан и земјите членки на ЕУ „Поврзување на пазарите, усогласување на стандардите: Зелените ленти како столб на засилената интеграција во Единствениот пазар на ЕУ“ што се одржува во Атина.

На маргините на настанот, директорот Николовски заедно со помошник-директорот на Секторот за Царини при Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Борис Спасојевиќ, потпишаа Меморандум за размена на податоци преку SEED+ системот.

Иднината, како што рече, е во дигиталната интеграција и интероперабилноста на системите.

Реклама

– Зелените ленти треба постепено да овозможат поголемо меѓусебно признавање на доверливите оператори и спроведените контроли, да ја зајакнат улогата на овластените економски оператори кои ќе имаат поголема одговорност и да придонесат за понатамошно намалување на времето потребно за царински контроли. Во иднина, овој концепт го гледаме како трајна мрежа на приоритетни коридори меѓу Европската Унија и ЦЕФТА, која ќе биде интегрален дел и од регионалните политики за поврзаност и од процесот на европската интеграција, потенцира Николовски.