Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување одбележува 21 година од постоењето

Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во пресрет на одбележувањето на 21. годишнина на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска директорот Стојанче Ангелов со голема благодарност се обрати до сите вработени, поранешни и сегашни припадници, а и соработници, кои со својата професионалност и посветеност придонесуваат во исполнувањето на мисијата на ДЗС. Исто така, пригодно се обратија и заменик-директорот Кашмир Салиу и повозрасните вработени, кои се дел од ДЗС уште од самото формирање. Денот на ДЗС симболично е и потсетник на важноста од заедништвото, подготвеноста и хуманоста при заштитата и спасувањето – соопштија од ДЗС.

Во текот на изминатите две децении ДЗС континуирано ја реализира својата законска и општествена улога во развојот и унапредувањето на системот за заштита и спасување во Република Северна Македонија преку превенција, подготвеност и координирано дејствување при природни непогоди, пожари, техничко-технолошки несреќи и други кризни состојби.

Професионалниот ангажман, одговорноста и посветеноста на вработените и припадниците на Дирекцијата претставуваат значаен придонес во заштитата на животите и здравјето на граѓаните, материјалните добра и животната средина, како и во јакнењето на безбедноста и отпорноста на државата, се посочува во соопштението од ДЗС.