Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Македонија

Дипломатска офанзива во САД: Во два дена Мицкоски направи повеќе отколку заспаната дипломатија на СДСМ што има направено за седум години

За само два дена во САД, Христијан Мицкоски и владината делегација направија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За само два дена во САД, Христијан Мицкоски и владината делегација направија повеќе за македонската дипломатија отколку што се има направено во изминатава декада. Продор на американското политичко поле, остварувајќи одлични контакти со новата американска администрација, што ниедна власт досега не успеала да го стори. Според експертите Македонија треба да ја искористи оваа можност за зајакнување на своите позиции и ставови.

-Средбите се извонредни, досега Македонија немала такви врски со ниту една американска администрација и веројатно нема ни во иднина да има. Така да, тоа е еден наш мал продор на американското политчко поле и јас мислам дека ќе имаме шанси да го искористиме, вели за Алфа поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

Работната посета на Вашингтон владината делегација реши да ја искористи за низа средби со блиски соработници на Трамп, но и со бизнисмени, со цел да ги презентира можностите за инвестирање во Македонија. Никовски вели ова покажува дела се води многу поразлична дипломатија за разлика од онаа на претходната власт, која според многумина беше одбележена со понизност кон соседите.

Реклама

-Новата власт прв пат после седум- осум години отворено на меѓународен план се бори за нашите интерси, ги пласира нашите желби и потреби во суштина и веќе постигнува одредени резултати, иако тоа е една извонредно тешка борба, еден предизвик невиден, но тие се на прав пат, изјави Никовски.

Дел од луѓето и медиумите блиски од опозицијата минатиов период работната посета на Мицкоски на САД се обидуваат да ја прикажат дека била воопшто неважна. Според Никовски вакво нешто е очекувано и е знак на љубомора. Вели, освен кај СДСМ, ја има кај соседите, поради фактот што Мицкоски беше единствениот лидер од Балканот присутен во Вашингтон.

-Не само опозицијата и во Бугарија веќе љубомора покажаа на ова што се случува, бидејќи единствен од Балканот кој што е присутен на овие свечености е нашиот премиер и неговата делегација. Мислам дека од тоа ќе произлезат интересни работи за Македонија, корисни работи за Македонија и на политички план да се надеваме и на економски план, изјави Никовски.

Според познавачите секое вакво пробивање меѓу највлијателните луѓе во една од најмоќните држави во светот е успех за цела држава, за сите Македонци, а не само за Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Секоја поддршка од најмоќните за македонските ставови и борба, наспроти антимакедонските е добредојдена, посакувана и неопходна.

Матеја Петровски