Холандија речиси секојдневно не потсетува колку ни е корумпирана дражвата, Австрија жестоко го критикува македонското правосудство и обвинителство заради долгови, на американската црна листа ред се редат нови и нови имиња за кои САД има наоди за криминал, а во Македонија истите си имаат државни функции. И евроамбасадорорт повторно не потсетува дека во Македонија владеењето на правото речиси и не постои.
Гир , коментирајќи ја пораката од холандскиот амбасадор, вели дека Унијата очекува судството да работи со интегритет и со целосна незавиност без надворешно вмешување.Сепак посочува дека имаат изразено загриженост за мешањето на политиката во работата на судовите.
Досега ние го имаме покренато ова прашање константно, ние сме ја изразиле нашата загриженост што се однесува на републичкиот судски совет, кој е во самото срце на судскиот систем во земјата. Исто така нашата загирженост која сме ја изразиле не се однесува само на однесувањето на судскиот совет туку исто така ЕУ има изразена загриженост во врска со сериозни наоди на надворешно политичко вмешување, дали во работата на републичкиот судски совет или во судството во генерала, вели Гир.

Токму поради таа причина ЕУ ангажираше оценска мисија од страна на ЕУ која што даде препораки се со цел да се зајакне работата на судскиот совет, дадени се над 40 забележки и препораки кои треба да се импламентираат за колку толку работата да се придвижи кон правилна насока.
Евроамбасадорот Гир вели дека имаат и голема загриженост за донесените измени во кривичниот законик по брза постапка со европско знаменце каде има можност за зголемена неказнивност и празнина во еден дел од законот што приоритетно треба да се затвори.
За критиките од Холандија, реагираше и претседателакта на Транспаренси интернешнал, Слаѓана Тасева која вели дека Македонските граѓани во минатото повеќе реагирале на она што ќе го кажеле странските политичари или дипломати, но сега тие не реагираат ниту на изјавите на дипломатите ниту, пак, на лошиот извештај на Европската комисија.
После еден таков лош извештај, ние сме на некој начин благодарни што амбасадорите го кажуваат тоа на дипломатски јазик. Нивната работа е тоа да го кажат на дипломатски јазик што е тоа што треба да се подобри. Но, добро е сите гласно да кажуваме што е она што треба да се подобри. Уште подобро е ако за тоа отворено разговараме“, изјави Тасева.
Инаку ноемврискиот извештај на ЕК, голем дел од јавноста го толкува како најлош досега.
