Реклама

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Прилози

Дипломатска борба за македонските национални интереси: Македонија конечно има Влада која го прави она што е нормално

Македонија конечно има Влада која го прави она што е нормално и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија конечно има Влада која го прави она што е нормално и очекувано, дипломатски да се бори за македонските национални интереси. Фактот дека во Европскито парламент ќе се гласа за извештај во кој ќе се зацементираат македонскиот јазик и идентитет, според упатените е од исклучителна важност за држацата, но и признаниер за исправноста на владините политики. Универзитетскиот професор и поранешен амбасадор во САД, Васко Наумовски за Алфа вели дека е многу значајно што Македонија има многу поддржувачи од сите пратенички групи во Брисел, без разлика на идеолошката определеност. Сепак очекува дека европратениците од Бугарија нема да останат пасивни при дебатата во Европскиот Парламент. 

-Се очекува една жестока дебата во Европскиот Парламент за текстот на оваа резолуција, ние имаме шанси да успееме без разлика дали ќе издејствуваме овој текст да биде конечниот текст или не, особено е значајно тоа што го гледаме, а тоа е дека македонската дипломатија се бори за македонските национални интереси, нешто што впрочем би требало да биде нормално за сите македонски Влади. Поддршката што ја имаме меѓу политичките партии застапени во Европскиот Парламент се должи и на претставувањето на нашите аргументи, нешто што како активност го имаше нашата дипломатија во изминатите месеци, изјави Наумовски.

Доказ дека македонската дипломатија се обидува да промени нешто во евроинтегративниот пат е и пораката на Каја Калас, која порача дека доколку не дојдеме до договор со Бугарија, можеби ќе се бара план Б за да ги започнеме преговорите. Според Наумовски оваа изјава може да се сфати како еден вид притисок кон официјална Софија.

Реклама

-Доколку Бугарија и понатаму остане ригидна во своите ставови Европската Унија можеби ќе се одлучи да издејствува некаков план Б, нешто што е најавено и за евентуалната блокада на Украина. Верувам дека нема да има потреба да дојде до тоа и дека во наредните неколку недели и месеци согласно најавите ќе бидеме сведоци на неколку средби каде што постои можност да се приближат ставовите, доколку тоа не се случи секако Европската Унија, ја има задачата да направи некаков чекор во таа насока, односно да најде начин да го заобиколи бугарското вето, изјави Наумовски.

Инаку, термините, македонски јазик и идентитет се директно споменати дури на четири места во извештајот за напредокот на Македонија кон ЕУ, кој треба да биде усвоен во јули. Извештајот е подготвен од главниот известувач, Австриецот Томас Вајц, кој успеа да ги стави индетитетот и јазикот со помош на другите седум известувачи „во сенка“ што ги претставуваат политичките семејства во ЕП.

Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од ваквите потези и порача дека тоа само ќе ја докаже многувековноста на македонскиот јазик и идентитет и повика извештајот да биде поддржан едногласно.

Матеја Петровски