Реклама
Македонија

Дипломатите очекуваат поголема поддршка за Македонија по европските парламентарни избори

Европска народна партија,се очекува да освои најмногу пратенички места на престојните избори…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европска народна партија,се очекува да освои најмногу пратенички места на престојните избори за Европскиот парламент од 6-9 јуни. Прогнозите одат во позитивна насока на европската десница.Новата констелација може да донесе промени и во однос на македонските евроинтеграции, имајќи го предвид фактот што ВМРО-ДПМНЕ која е дел од Европската народна партија го има мнозинството во македонскиот парламент и наскоро се очекува да ја преземе власта. Добрите релации на партијата на Христијан Мицкоски, со овој блок партии во Европскиот парламент, според експертите може да придонесат за подобрување на позицијата на Македонија во претпристапниот процес. И иако Европскиот парламент нема силна одлучувачка моќ кога е во прашање надворешната политика на ЕУ и политиката на проширување која е во ексклузивен домен на земјите-членки на ЕУ, сепак колку повеќе земји членки во Парламентот се претставено со десноцентристички партии, толку подобра ќе биде и соработката на Македонија со тие земји на национално ниво.

Сите тие партии кои се членки на европските народни партии, во Германија, Франција, Холандија, сите тие земји кои негуваат европски конзервативен дух се разбира дека и на национално ниво ќе соработуваат со Македонија. Независно, колку и да се тие во еден дел самостојно во донесувањето одлуки, тие дале дел од својот суверенитет кога станале дел од ЕУ и ќе мора да почитуваат одредени декларации, резолуции, кои ќе бидат од полза за Македонија, особено по идентитетските прашања. Oд изборите очекувам блокот на европските народни партии ќе освои најмногу пратенички места, тоа ќе значи многу за македонија затоа што водечката партијата од која произлегува мандатарот е член на народните партии, и во подготовките, во предизборието имаше голем број средби со челниците на овие партии а тоа значи голема поддршка, и за сите оние планови и програми кои што идната македонска влада ќе ги предложи на ЕУ како реформски пакет за доближување на ЕУ, вели поранешниот амбасадор Марјан Ѓорчев.

Колку и да се надеваме на промени во Европскиот парламент но и во извршната власт на Европската Унија, сепак, Македонија мора прво да си ги реши домашните проблеми, задачи но и обврски кои ги презема власта во заминување. Борбата против криминалот и корупцијата, заложби за владеење на правото, реформи, независно судство. Идната влада ќе треба да се насочи и кон подобрување на односите со Грција и Бугарија.

Реклама

Јас лично очекувам дека тие односи да се подобрат со добра волја, со желба за средби и отворање дебати за сите спорни прашања но и прашања кои не спојуваат, економија, граѓански сектор развој на цивилно општество, енергија, битка за храна, инфраструктура. И во Бугарија и во Грција конзервативните партии кои се дел од европските народни партии се силни партии и може да добиеме силна поддршка од нив, вели Ѓорчев.

Европските парламентарни избори ќе се одржат од 6 до 9 јуни во 27-те земји членки на Европската Унија. Се проценува дека околу 370 милиони граѓани имаат право на глас низ целиот блок. Граѓаните на ЕУ избираат 720 пратеници, кои доаѓаат од сите земји-членки, приближно врз основа на големината на населението во земјата. Според тоа, Германија ќе испрати најмногу – 96 европратеници, додека Кипар, Луксембург и Малта ќе имаат само по 6 пратеници.