Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Македонија

Димовски оствари средба со генералниот менаџер на канцеларијата на јапонската корпорација Марубени во Будимпешта и во Прага

Директорот на Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски оствари средба со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ) Гоце Димовски оствари средба со Рјоџи Кога, генерален менаџер на канцеларијата на јапонската корпорација Марубени во Будимпешта и во Прага. Со цел продлабочување на соработката со корпорацијата, на средбата се разговараше за потенцијалите кои ги нуди Македонија и ТИРЗ за странските инвеститори, како и можностите за натамошни проекти.

Димовски ги посочи поволностите во рамки на Технолошко индустриските развојни зони, истакнувајќи ја стабилната и предвидлива инвестициска клима, активната институционална поддршка и квалификуваната работна сила. Тој ја нагласи стратешката положба на Македонија, што претставува значајна предност за компании со глобално присуство како што е Марубени.

Генералниот менаџер Рјоџи Кога изрази задоволство за остварената средба, со очекување за успешна понатамошна соработка. Од негова страна беа претставени областите во кои е активна корпорацијата Марубени, нагласувајќи ја можноста за потенцијално проширување и во Македонија.

Реклама

Марубени е една од водечките јапонски компании за општа трговија, позната како „Сого Шоша“, основана во 1858 година и со седиште во Токио. Корпорацијата има глобално присуство и е активна на пет континенти, со канцеларии, подружници, заеднички вложувања и проекти во над 60 земји. Истата оперира глобално во широк спектар на сектори, вклучително и енергетика, инфраструктура, транспорт, хемиска индустрија, земјоделство, храна и финансиски услуги. Со своето глобално присуство и диверзифицирано портфолио, Марубени игра значајна улога во унапредувањето на трговските односи и развојот на одржливи економски проекти на меѓународно ниво.