Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Димовска – Мражикова: Соработката со Европскиот парламент има јасна цел и опипливи резултати

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со раководителката на канцеларијата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, оствари средба со раководителката на канцеларијата на Европскиот парламент за Западен Балкан, Татијана Мражикова. Како што информира собраниската прес-служба, Мражикова ја поздрави високата поддршка на граѓаните за членство на државата во Европската Унија и се осврна на значајната улога на известителот во Европскиот парламент, Томас Вајц, кој деновиве е во посета на Македонија. Нагласи дека Европскиот парламент преку канцеларијата за Западен Балкан непосредно ги адресира процесите што ги приближуваат земјите аспиранти до Европската Унија. Истакна и дека Европскиот парламент со гордост беше партнер на Собранието во Жан Моне дијалогот, кој донесе опипливи резултати и овозможи активна вклученост и поддршка од сите политички партии при усвојувањето на новиот Деловник на Собранието.

Димовска ги претстави тековните процеси што ги спроведува собраниската служба, вклучително и стратегијата за дигитализација на Собранието 2026 – 2028, акцискиот план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите 2025 – 2027, измените и организацијата на работните места, со акцент на новоформираното Одделение за процена на влијанието на регулативата.

Димовска нагласи дека собраниската служба цели кон интензивирање соработка со парламентите на земјите членки на Унијата и од регионот истакнувајќи го институционализирањето на таквата соработка и се заблагодари за постојаната и силна поддршка на Европскиот парламент за македонскиот евроинтегративен пат, која, како што рече, се рефлектира и преку отворањето канцеларија на Европскиот парламент за Западен Балкан минатата година.

Реклама

Соговорничките се согласија дека соработката на ниво на службеници ќе се интензивира во периодот што следува преку соработка на разни форуми во сите сфери од интерес.