Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Димитровски во Кишињев: Дезинформациите и хибридните закани се еден од најсериозните предизвици за демократската безбедност

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска учествуваше и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски денеска учествуваше и се обрати на 134. сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа, што годинава се одржа во Кишињев, Република Молдавија. На сесијата учествуваа министри за надворешни работи на земјите членки и високи претставници на организацијата.

Во своето обраќање Димитровски ја потврди цврстата поддршка на Македонија за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина нагласувајќи ја важната улога на Советот на Европа во обезбедувањето одговорност за сторените злосторства и поддршката на поствоената обнова. Осврнувајќи се на заштитата на човековите права, Димитровски потенцира дека Европската конвенција за човекови права претставува темел на европскиот систем за заштита на човековите права, при што кредибилитетот на системот зависи од целосното и доследно спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права од страна на сите држави.

Во услови на значајни геополитички предизвици, засилени притисоци врз мултилатерализмот и продолжена нестабилност во Европа, министрите разговараа за клучните приоритети на Советот на Европа, меѓу кои руската агресија врз Украина, демократската отпорност, заштитата на човековите права, борбата против странското влијание и манипулацијата со информации, како и идната надворешна стратегија на организацијата.

Реклама

Во рамките на сесијата во Кишињев беше организирана и официјална церемонија на потпишување на конвенцијата за воспоставување меѓународна комисија за побарувања за Украина, на која Република Северна Македонија се приклучи кон земјите потписнички.

Во рамките на дискусијата посветена на странската манипулација со информации и мешањето во демократските процеси (FIMI), Димитровски предупреди дека дезинформациите и хибридните закани претставуваат еден од најсериозните предизвици за демократската безбедност денес.

– За земји како нашата, како мала и отворена демократија, членка на НАТО и држава цврсто посветена на европската интеграција, ова прашање е од особено значење. Сѐ почесто сме сведоци дека дезинформациските кампањи не се изолирани медиумски инциденти, туку координирани операции поврзани со кибернапади, политички влијанија и обиди за продлабочување на постојните општествени и политички поделби. Исто така, нашата држава се соочува со растечки бран хибридни напади што се спроведуваат преку мрежа од речиси 20 онлајн-портали поддржани од Софија, кои се претставуваат како локални македонски медиуми, а во суштина шират дезинформации и манипулативни содржини. Токму затоа заштитата на демократската отпорност, вистината и институционалната доверба остануваат наши клучни приоритети – нагласи Димитровски.

Во тој контекст посочи дека Македонија во изминатиот период се соочува и со наративи и кампањи што произлегуваат од спорови поврзани со историски и идентитетски прашања, при што дезинформациите дополнително придонесуваат кон поларизација и недоверба во јавноста.

Учеството на 135. сесија на Комитетот на министрите на Советот на Европа претставуваше значајна можност за размена на ставови, како и за афирмирање на позициите на Македонија во однос на заштитата на демократијата, човековите права, владеењето на правото и поддршката на ефективниот мултилатерализам во услови на современи безбедносни и геополитички предизвици.

Сесијата заврши со примопредавање на претседавањето од Република Молдавија на Монако.