Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Димитровски од Трст: Земјите од Западен Балкан се интегрален дел од европската архитектура на стабилност, нивната интеграција е стратешка неопходност за Европа

Европската Унија и земјите од Западен Балкан се меѓуцебно зависни, а безбедноста…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европската Унија и земјите од Западен Балкан се меѓуцебно зависни, а безбедноста не е еднонасочна улица. Овие земји не се периферија на континентот, туку интегрален дел од европската архитектура на стабилност. Оттука, интеграцијата на земјите од Западен Балкан не е само политичка цел, туку и стратешка неопходност за Европа во целина. Ова го истакнал денеска во Трст заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, на конференцијата по повод одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ).

Настанот, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, бил одржан под покровителство на италијанската Ввада и воден од потпретседателот на владата и министер за надворешниработи и меѓународна соработка на Италијанската Република, Антонио Тајани, и министерката за надворешни работи на Романија, Оана Тоу, како земја актуелен претседавач со иницијативата. 

Конференцијата, според соопштението, била посветена на триесет години соработка и посветеност: oд политика кон акција и регионална поврзаност, а во фокусот на дискусиите биле регионалната соработка, поврзаноста и европската интеграција како клучни предуслови за стабилноста, безбедноста и економскиот развој на Европа.

Реклама

Димитровски, како што е наведено, потенцирал дека Северна Македонија ги исполнува своите обврски. Земјата го усогласува законодавството, целосно се придржува до надворешната и безбедносната политика на ЕУ и активно придонесува кон регионалната стабилност. 

– Сега, истакна тој, е неопходна реципрочна поддршка. Таа треба да дојде во вид на конкретни интеграциски мерки, како СЕПА, роаминг, зелени коридори и развој на инфраструктурата. Реалното олеснување на четирите слободи, капитал, стоки, услуги и луѓе не е симболичен чин. Тоа е темелот на економската конвергенција и подобрување на животниот стандард на граѓаните – соопшти МНРиНТ.

Во рамките на конференцијата Димитровски имал средби со колеги од земјите учеснички, меѓу кои и со државниот секретар за безбедносна политика во унгарското Министерство за надворешни работи и трговија, Петер Старај. 

– Централни теми на разговорите беа интензивната соработка што двете земји ја развиваат во изминатиот период како потврда за стратешкото партнерство, заедничката заложба за унапредување на дијалогот и натамошно динамизирање на секторската соработка. Особено беа истакнати одличните економски врски потврдени со фактот дека Унгарија е меѓу десетте најголеми трговски партнери и инвеститори во Македонија – стои во информацијата.

ЦЕИ, како што е наведено, во изминатите три децении претставува значаен мост, кој ги поврзува регионите, институциите и политиките. Основана 1989 година, брои 17 земји членки и е позната како една од најстарите и најинклузивни регионални иницијативи на европскиот континент, која успешно ги поврзува земјите членки на ЕУ со државите кандидати и ги трансформира политичките цели во конкретни резултати на терен.