Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Димитровски на Меѓународниот форум за ИМЕК во Трст: Инвестициите во енергетиката и поврзаноста во фокус

За Македонија, како земја со ограничени домашни извори и висока увозна зависност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За Македонија, како земја со ограничени домашни извори и висока увозна зависност, енергетската поврзаност и регионалната соработка се клучни предуслови за економска стабилност и долгорочен развој, а во таа насока се напорите на Владата за зголемување на инвестициите во енергетскиот сектор – истакна заменик-министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски на панел-дискусијата посветена на енергетиката во рамките на меѓународниот форум „Развој на перспективите на Индо‑Медитеранот преку Коридорот Индија – Блискиот Исток – Европа (IMEC)“, што се одржа во Трст.  

Димитровски потенцира дека функционирањето на овој коридор, во услови на тековната криза на Блискиот Исток, е стратешки значаен за овозможувањето непречен проток на енергенси меѓу Азија и Европа. 

Како што соопшти прес-службата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, Димитровски во однос на активностите за развој на енергетскиот сектор во државата се осврнал на развојот на обновливите извори на енергија, модернизацијата на енергетската инфраструктура и зајакнувањето на регионалните енергетски коридори, потенцирајќи ги како особено важни за позиционирање на земјата како значајна транзитна и инвестициска дестинација во регионот.

Реклама

Форумот го отвори потпретседателот на владата и министер за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија, Антонио Тајани, а учествувале претставници на влади и високи претставници на институции и деловни делегации од Европа, Индија, Блискиот Исток, САД и од Балканот.

Димитровски во Трст учествуваше и на конференцијата на Централно-европската иницијатива.